Шеф на ЦИА: САД би направиле грешка од „историски размери“ ако запрат со подршката за Украина

January 31, 2024
1 min read

Раководителот  на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнз изјави дека ако Вашингтон се откаже од подршката за Украина во нејзината борба против руската агресија, тоа за Соеднинетте Држави би било грешка од „историски размери“.

-Ако се создаде можност за сериозни преговори (со цел запирање на воените дејствија) тогаш понатамошното снабдување со оружје ќе ја стави Украина во посилна позиција, напиша Брнз во поделг есеј за светските конфликти објавена синоќа во „Форејн афеарс“.

-Тоа создава шанса за долгорочна победа на Украина и стратешки пораз на Русзија, посочи директорот на ЦИА, прецизирајќи дека „помалку од 5 отсто од одбранбениот буџет на САД е релативно скромна инвестиција со значајна геополитичка придобивка“.

Шефот на американското разузнавање ја окарактеризира инвазијата на Русија во Украина во фебруари 2022 година како „глупост на Путин“.

-Најмалку 315.000 руски војнци се убиени или ранети, две третини од предвоените резерви на тенкови на Русија се уништени, а толку фалената од Путин десетгодишна програма за воена модернизација е опустошена.

И покрај тоа, изјави Брнз, прашање е дали Путин ќе ја запре агресијата против Украина.

-Секогаш е погрешно кога се потценува неговиот стремеж да ја контролира Украина. Тој смета дека без таа контрола Русија не може да стане велика држава, а тој велик руски лидер.

Брнз посочи дека војната „тивко ја разјадува неговата власт внатре во земјата“, и додаде дека Путин „продолжува да игра на картата време, дека тој може да ја згмечи Украина и да ги измори нејзините западни подржувачи“.

Тој исто така ја повика Украина да нанесува удари уште подлабоко на територијата контролирана од Русија.

-Задачата на Украина е во тоа да ја пробиe aроганцијата на Путин и да ја демонстрира високата цена што Русија ја плати… не само да прави прогрес на линијата на судир туку и да нанесува длобоки удари во тилот, напиша Брнз.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Куче усмрти жена во Задар, приведен припадник на хрватските вооружени сили

Следно

Поради градежни зафати, времено затворање на делницата Велес – Градско

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop