Шанел без конкуренција ФУСТАНОТ СО 4.660 ВЕЗЕНИ ДЕТАЛИ ШТО ГИ ВООДУШЕВИ ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

January 15, 2026
1 min read

83-тото по
ред доделување на Златните глобуси, кога станува збор за модата, остави
донекаде недоречен впечаток. Многумина очекуваа многу повеќе од ѕвездите на
црвениот тепих, но сепак имаше одлично облечени дами кои привлекоа внимание во
хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес.

Една од
најдобро облечените, без сомнение, беше австралиската актерка Роуз Бирн, која
го освои и Златниот глобус во категоријата најдобра актерка во филмски мјузикл
или комедија за филмот „Да имав нозе, ќе те шутнев“.

Таа се
појави на црвениот тепих во раскошен зелен фустан на „Шанел“, со рачно извезени
бисери и кристали.

Свилената
креација ја следеше линијата на телото. Горниот дел имаше длабоко V-деколте,
украсено со бисери и кристали по рабовите, додека од половината до подот
фустанот беше со прав крој и се спушташе во благ шлеп. Деталот во пределот на
половината, кој се протегаше до подот, дополнително ја нагласи атрактивноста на
самиот фустан.

– Ми се
допадна прекрасната, едноставна елеганција на фустанот со толку смела боја. Тоа
е многу уникатна и мошне „шанелска“ комбинација. Ми се допаднаа и деталите на
задниот дел од фустанот, како и дозата на драма што ја дава шлепот – изјави
актерката за британскиот „Вог“.

За
изработката на 4.660 везени детали биле потребни 210 часа рачна работа, а со
својата појава фустанот разбуди спомени на легендарниот моден момент на Кира
Најтли, која ги воодушеви сите со прочуениот зелен фустан во филмот
„Atonement“.

Роуз Бирн
својот изглед го надополни со накит од колекцијата Chanel Tweed: обетки Frangé,
прстен Brodé и нараквица од 18-каратно бело злато Motif Russe.

Кога станува
збор за совршено усогласен гламур, актерката го ангажираше својот долгогодишен
шминкер Џејмс Молој.

–
Инспирацијата ја црпевме од 1940-тите, фокусирајќи се на елеганцијата со
леснотија на носење, што му дава на изгледот модерен призвук – вели тој,
додавајќи дека акцентот бил ставен на природната леснотија.

– Секогаш
станува збор за рамнотежа. Облеката, косата и накитот природно го водат стилот
на шминката, но исто толку важно е и како шминката ве прави да се чувствувате.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОГА СЛЕПО ВЕРУВАШ НА ТЕХНИКА ЕВЕ КАДЕ ЗАВРШУВАШ… За среќа, овој пат без последици

Следно

Хајрулахи: Атакот врз мене е поради тоа што Тополова Исајловска се смета за загрозена по најавата дека размислувам да се кандидирам за Републички јавен обвинител

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop