Северниот дел на Италија е погоден од град, југот сѐ уште е под влијание на високи температури

July 22, 2023
1 min read

Додека обилните дождови и невремето и понатаму ја погодуваат Северна Италија, високите температури продолжуваат во централните и јужните области на земјата, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Град „со големина на тениски топки“ ги погоди градовите Тревизо и Падова, додека силен дожд падна во Виченца, Верона и Венеција, при што има повредени и предизвикана е материјална штета.

Гувернерот Лука Заја објави дека 110 лица се повредени во северниот регион Венето од градот што ги искршил стаклата на автомобилите, а има и други значителни материјални штети.

Италијанската асоцијација на фармери (Колдирети), огранок во Венето, исто така, соопшти дека земјоделските полиња и лозјата во северните региони се погодени од силниот град.

Силите за цивилна одбрана, исто така, предупредија за можна појава на грмежи, град и силен ветер во регионите на Ломбардија, Венето, Фурланија-Јулиска Краина, автономната провинција Болцано и Емилија Ромања.

Од друга страна, Централна и Јужна Италија и понатаму се зафатени со екстремни горештини со потекло од Африка.

Министерството за здравство издаде јавно предупредување со кое прогласи 18 града под „црвено“ ниво на екстремна жештина за време на викендот, за разлика од 23 града во четвртокот.

Нагласено е дека високите температури, кои го зафатија регионот во текот на изминатата недела, може да продолжат и за време на викендот, а на некои места ќе се движат и до 45-47 Целзиусови степени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Следно

Се трага по исчезнато лице во Хрватска, регионот под закана од ново невреме

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop