Сервисот на Aгенција Анадолу на македонски јазик одбележува осум години постоење

November 9, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Пред точно осум години, на 9 ноември 2015 година, турската новинска Агенција Анадолу (AA) отвори Сервис на македонски јазик, со седиште во Скопје, од каде што се објавуваат вести и на албански јазик.

Во текот на изминатите осум години Сервисот на AA на македонски јазик со објавувањето вести од регионот и од светот, проследени со фотографии и видеосодржини од кореспондентите на Агенцијата од сите страни на светот, стекна активна улога во македонскиот медиумски простор, вклучително и кај читателите од регионот и пошироко.

Од основањето на Сервисот на АА на македонски јазик досега објавени се повеќе од 95.000 вести, над 31.000 фотогалерии и над 21.000 видеозаписи.

Освен на македонски и албански јазик, се објавуваат вести и на турски, англиски, арапски, персиски, БХСЦ (босански, хрватски, српски, црногорски), руски, курдски (дијалектите сорани и курманџи), француски, индонезиски и шпански јазик.

Агенција Анадолу има историја долга над 100 години, основана е во 1920 година. АА е меѓу десетте најголеми агенции во светот што објавува вести на 13 светски јазици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комесарот на ОН, Турк: Колективното казнување на палестинските бегалци претставува воено злосторство

Следно

СЗО предупредува на ризикот од ширење болести во Газа во услови на опсада и конфликт

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop