Сертификати за 1.500 учесници за „Читањето на Сахих ал-Бухари“ што ги собраа хадиските научници во Истанбул

June 30, 2025
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Во рамките на програмата „Читање хадиси од Сахих ал-Бухари“ што траеше 13 дена во Истанбул, на 1.500 учесници им беа доделени сертификати, јавува Анадолу.

Настанот, организиран под раководство на џамијата Исмаилага и издавачката куќа Сирач во спомен на починатиот лидер на џематот на Исмаилага, Махмуд Устаосманоглу, кој започна на 17 јуни, заврши со церемонијата на доделување сертификати што се одржа во џамијата Јавуз Султан Селим во Истанбул.

Во текот на програмата, голем број религиски лица и професори од Турција и различни земји од светот ги споделија своите ставови за заштитата на праксата на божјиот пратеник Мухамед (сунет), опстанокот на науката на хадисите и нејзиното пренесување на идните генерации.

Во говорите, во кои се нагласи дека Сахих ал-Бухари е најдоверливото дело составено од хадиси, втор најважен извор на исламот по Куранот, беше нагласена важноста на практикувањето хадиси заедно со нивното читање.

– Средба на хадиските научници во Истанбул –

На настанот присуствуваа истакнати научници како што се сирискиот муфтија шеик Усаме ал-Рифаи, Мухамед Тахир Нур Вели од Саудиска Арабија, Јахја ал-Гавсани од Сирија, директорот на исламскиот институт Ал-Фатах (Махедул-Фатах ал-Ислами) Ајмен Шабани и Мухамед Халид ал-Харса, Махмуд Абдулбари од Сомалија и директорот на Претседателството за верски прашања Хасеки, Мухамед Емин Килич.

Програмата заврши со читање на последната страница од збирката хадиси Сахих ал-Бухари од страна на сирискиот научник Мухамед Муцир ал-Хатиб. Потоа, на 1.500-те учесници им беа врачени сертификати.

Комисијата која им ги додели сертификатите на учесниците се состоеше од хадиските научници како што се Латифурахман ел-Бехраичи од Индија, Мухамед Идрис ел-Синди од Пакистан, Мухамед Наим Араксуси од Сирија, Дурсун Али Јилмаз од Турција, Мухамед ел-Емин Буселџе од Алжир и Касим Мухамед Азиз Киркуки од Ирак.

Во својот говор на отворањето на програмата, имамот на џамијата Јавуз Султан Селим, Абдулах Килич, им се заблагодари на сите научници кои беа дел од програмата и рече: „Собирите каде што минатата година беше рецитиран Сахих ал-Муслим, а оваа година беше рецитиран Сахих ал-Бухари, ќе продолжат со рецитирање на други книги на хадиси во наредните години“.

Осврнувајќи се на случувањата во Газа, Килич упати молитви за угнетените во регионот.

Говорејќи на настанот, Мухамед Фатих Устаосманоглу, внук на покојниот Махмуд Устаосманоглу, им се заблагодари на научниците кои дојдоа од различни земји и изјави дека овој собир е одраз на „патот на знаењето“ чие значење го истакнува божјиот пратеник Мухамед.

Устаосманоглу, исто така, упати молтива за муслиманите кои се угнетени низ целиот свет, нагласувајќи дека Фондацијата продолжува со својата работа за ставање крај на окупацијата во Ерусалим и Палестина и дека „очекуваат нова победа“ во блиска иднина.

Генералниот претседател на Светската унија на муслимански научници, Али Мухјидин ел-Карадаги, исто така, ѝ се заблагодари на Фондацијата Исмаилага за организирањето на собирот и упати молитва за победа на угнетените во Газа.

– Збирката Сахих ал- Бухари беше прочитана од почеток до крај –

Челникот на џематот од џамијата Исмаилага, Ахмед Фикри Доган, потсети дека хадиската збирка Сахих ал-Бухари е прочитана од почеток до крај во програмата и ја нагласи важноста што е придавана на пренесувањето на хадисите.

Доган посака овие собири да се организираат секоја година и да станат места за средби на научниците.

Сирискиот министер за фондации, Мухамед Ебул-Хаир Шукри, исто така, изјави дека младите луѓе не треба да се задоволуваат само со читање на хадисите, туку и на нивно меморизирање и длабоко разбирање.

Во рамките на програмата, збирката хадиси Сахих ал-Бухари беше прочитана од почеток до крај со учество на истакнати научници од областа на хадисот од исламскиот свет.

– Сахих ал-Бухари –

Сахих ал-Бухари, најпознатото дело на Мухамед бин Исмаил ал-Бухари, кој се смета за еден од најважните научници на науката за хадисот и кој починал во 870 година од нашата ера, се смета за најверодостојна книга по Куранот.

Бухари создаде одличен ресурс во исламскиот свет со собирањето на хадисите, кои всушност ги претставуваат зборовите, постапките и одобрувањата на божјиот пратеник Мухамед, пренесени само од веродостојни извори.

Делото се разликува од другите хадиски книги со својата прецизност и автентичност и се смета за супериорна книга за хадиси од повеќето научници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси

Следно

Муртезани: Европските средства не се под закана

Latest from Blog

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУГАРИЈА непосредно пред влезот во еврозоната на 1 јануари 2026

Бугарија се соочува со својата најтурбулентна недела во последниве години, бидејќи повеќе десетици илјади демонстранти, а по некои протести бројката достигнала 150.000, синоќа повторно ги исполнија улиците на Софија и повеќе од

САД гласаа против резолуцијата на ОН за Чернобил

Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва

Чорба од спанаќ и тиквици

Многу вкусна чорба, лесна и брза за подготовка Состојки: 1 праз, ситно исецкан 1 голем компир, исечен на коцки 2 средни тиквички исечени на коцки 200 грама свеж спанаќ 3 чаши зеленчукова

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. – Добро е кога на крајот
Go toTop