Секторот за ветерна енергија на Туркије со потенцијал да достигне 8 милијарди долари во 2035 година

November 6, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот сектор за ветерна енергија, кој моментно се проценува на 2,2 милијарди долари, може да доживее експанзија до 7,5-8 милијарди долари до 2035 година со континуирана поддршка, порача Ибрахим Ерден, претседател на Турската асоцијација за ветерна енергија (TUREB), јавува Анадолу.

„Секторот има цел инвестирање за 5.000 мегавати ветерна енергија секоја година во согласност со целта на Туркије за 120.000 мегавати инсталирана моќност во ветерна и сончева енергија до 2035 година“, рече Ерден во обраќањето на 13. турски Конгрес за ветерна енергија (TWEC 2024), организиран од Турската асоцијација за ветерна енергија под мотото „Енергијата на иднината, иднината на Туркије“, кој започна вчера во Истанбул.

„Оваа цел ќе осигури до 2035 година сите инвестиции во ветерна енергија во Туркије да изнесуваат вкупно 50.000 мегавати, а електричната енергија произведена од ветер ќе достигне 138 теравати годишно“, додаде тој.

Од своја страна, Гилс Диксон, извршен директор на WindEurope, ѝ честита на Туркије за нејзиниот „извонреден синџир на снабдување со ветерна енергија“.

„Според најновите податоци на Турската асоцијација за ветерна енергија, има 150 главни набавувачи, 350 поднабавувачи“, рече Диксон и додаде: „Ова е навистина импресивно.“

„Остатокот од Европа ви е исклучително благодарен за тоа бидејќи најголем дел од она што го произведуваат вашите капацитети се извезува во остатокот од Европа“, истакна тој.

„Во моментов, остатокот од Европа, тоа е цела Европа, со исклучок на Туркије, секоја година гради 18 гигавати нови ветерни електрани“, додаде Диксон.

„Во периодот отсега до 2030 година тој број ќе расте, во просек, ќе градиме 27 гигавати нови ветерни електрани секоја година“, рече тој.

„Пазарот за вашите производни капацитети расте. А остатокот од Европа ќе биде уште ‘погладен’ за опремата што ја произведувате во земјата“, рече тој.

Со Анадолу како глобален комуникациски партнер, дводневниот TWEC 2024, глобална платформа за иновации во ветерната енергија, обединува експерти од Европа и пошироко.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милевски: Свесни сме за важноста на претстојните натпревари

Следно

Тошковски најавува кривични пријави за злоупотреби во институциите

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop