Тошковски најавува кривични пријави за злоупотреби во институциите

November 6, 2024
1 min read

Срамни се постапките на началникот на ОВР – Кочани кој ја злоупотребувал службената легитимација за бесплатно да преминува патарини, оцени денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во одговор на новинарско прашање, Тошковски истакна дека периодов ќе следат уште кривични пријави за злоупотреби во рамки на институциите. Не ценам, рече тој, дека „правиме удри по самарот, ако не можеш по магарето, туку дека на ваков начин мораме да покажеме пример дека секој од нас мора да ги почитува законите“.

– Постапките на злоупотреба на службена положба и овластување на ваков начин се срамни. Ако може еден столар да плаќа патарина, ако може жена која што работи во било која приватна установа да плаќа патарина, ако може кој и да било македонски граѓанин да плаќа патарина, тогаш мора да плаќа патарина секој еден вработен во Министерството за внатрешни работи. Не ценам дека ние правиме „удри по самарот, ако не можеш по магарето“, туку на ваков начин мораме да покажеме пример дека секој од нас мора да почитува ги почитува законите и она за што сме се договориле, а тоа е дека ќе плаќаме патарина, рече Тошковски.

Во врска со имплементацијата на проектот „Сејв сити“, министерот рече дека сѐ уште не се поставени доволен број на камери на територијата на Град Скопје, но, рече, колку порано ќе се имплементира овој проект, толку подобро ќе биде за сите граѓани.

– Сѐ уште немаме целосна покриеност со технички уреди, односно камери на територијата на Град Скопје, како што е утврдено во проектната документација. Во наредниот период ќе следи имплементација согласно она што е договорено и е испланирано од претходно. Повеќе пати го имам објаснето значењето на „Сејв сити“ како проект, кои се бенефитите од имплементација на истиот и колку може порано да се имплементира овој проект, толку би било подобро за сите нас, имајќи предвид дека жртви на сообраќјни незгоди во Македонија на годишно ниво имаме со троцифрен број, рече Тошковски.

Потребни се одредени законски измени, додаде, за воспоставување на систем којшто ќе ги казнува оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор за одлуката дали треба или не треба да биде казнет.

– Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат чекорите кои што ќе се преземат во иднина, за на крајот на денот имаме систем којшто ќе ги казнува сите оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор дали треба или не треба да биде казнет. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект, рече Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Секторот за ветерна енергија на Туркије со потенцијал да достигне 8 милијарди долари во 2035 година

Следно

Ќе поскапи ли струјата од 1 јануари?

Latest from Blog

Предложен притвор за лицето во кичевско кое со секира го убил својот татко, а и нанел тешки повреди на својата мајка

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop