„Секое дете, секое бебе во Газа е непријател“, изјави поранешен пратеник од крајната десница во Израел

May 21, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Поранешниот крајно десничарски израелски пратеник Моше Фејглин повика на целосна окупација на Појасот Газа со зборовите: „Секое дете, секое бебе во Газа е непријател“, известува Анадолу.

Фејглин, познат по блискоста со премиерот Бенјамин Нетанјаху, во изјавата за телевизискиот Канал 14 истакна дека Газа треба да биде целосно окупирана.

Повикувајќи на изградба на населби за Израелците во Газа по окупацијата на цела земја, Фејглин излезе со тврдење дека „ниту едно палестинско дете не треба да остане таму“.

„Ние сме во војна против постоењето на Газа“, рече Фејглин и додаде:

„Секое дете, секое бебе во Газа е непријател.“

„Секое дете на кое во моментов (во Газа) му давате млеко, ќе го убие вашиот син 15 години подоцна“, тврди Фејглин, противејќи се на влегувањето на хуманитарна помош во Газа, каде што Палестинците се борат со глад.

Два месеца, почнувајќи од 18 март, израелската Влада не дозволи ниту еден камион со хуманитарна помош да влезе во Газа, каде што живеат приближно 2,3 милиони Палестинци и се борат со глад.

Поради меѓународниот притисок администрацијата на Тел Авив дозволи ограничен број камиони со хуманитарна помош да влезат во Газа, почнувајќи од 19 мај.

Израелската армија објави дека 93 камиони со помош влегле во Газа, но Обединетите нации соопштија дека помошта сè уште не им е доставена на Палестинците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Тетово има до 1.000 кучиња скитници?! 14 каснувања од улични кучиња во 2025 година

Следно

Националната арена „Тодор Проески“ е целосно подготвена за денешното финале

Latest from Blog

Фото: Бикините на Дуа Липа

Партнер на оваа егзотична дестинација и е момчето Калум Тарнер. На радост на фановите Липа своите следбеници на социјалните мрежи редовно ги информира за дневните активности. Според фотките може да се забележи дека

Ова се напаѓачите кои се опција за Ливерпул место повредениот Исак, на списокот и еден Србин!

ФОТО: FC Liverpool/FB Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Ливерпул ќе мора подолго време без повредниот Александер Исак. Па така се наведува дека има седум потенцијални напаѓачи како негова замена кои

Божиќен куглоф

Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф. Состојки: 150 грама интегрално брашно 80 грама густин 50 грама мелени бадеми 1 прашок за
Go toTop