Сејдиу се прогласи за ненадлежен, Петровска за споменик на загинатите бранители треба да се обрати во „државни патишта“

August 10, 2023
1 min read

реклама



Министерката за одбрана, Славјанка Петровска најави дека ќе испрати барање за дозвола до Општина Желино за изградба на споменик за десетте бранители кои ги загубија животите на автопатот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак.

Сепак денеска градоначалникот на општината Блерим Сејдиу истакна дека прашањето треба да се постави до ЈП за државни патишта, бидејќи споменикот би требало да се изгради на самиот автопат.

реклама

Тој вели дека барањето на министерството за одбрана пристигнало денес.

„Јас како градоначалник ако сакам да градам на самиот автопат некој споменик не ќе можам. Морам да се обратам до ЈП за државни патишта. Значи, Законот го вели тоа. Плус тоа, таму нема урбанистички проект. Законот вели така. Треба да урбанизира прво, да се види дали има услови, итн., итн. Но во самиот автопат, каде што е предвидено тоа директно е надлежен ЈП за државни патишта”, вели градоначалникот Блерим Сејдиу за ТВ Сител.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челси договори засилување на средината од теренот

Следно

Еден Азар оди во пензија!?

Latest from Blog

Коњановски: „Приказната за Силјан“ носи ново филмско доживување за битолчани

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска остварил средба со продуцентот на филмот „Приказната за Силјан“, Јорданчо Петковски, по повод вечерашната премиера на филмот во Битола. Како што истакна Коњановски, особена

Работилница за гондола на Пелистер – Коњановски го поздрави учеството на домашни и странски експерти

Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер. Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите
Go toTop