Сега и Кина тврди дека американски балони го прелетувале нејзиниот воздушен простор

February 13, 2023
1 min read

„Од минатата година американските балони на голема височина извршија повеќе од 10 нелегални лета во кинескиот воздушен простор без одобрение од релевантни кинески институции“, рекол портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин, кој конкретно не ги опишал балоните како воени или шпионски

Дипломатскиот спор меѓу Кина и САД во врска со шпионските балони се продлабочува откако Кина денеска соопшти дека американски балони го прелетале нејзиниот воздушен простор на голема височина без дозвола повеќе од 10 пати од почетокот на 2022 година.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Ванг Венбин/Фото: Принтскрин

Вашингтон синоќа соопшти дека американски борбен авион Ф-16 вчера го соборил третиот по ред неидентификуван летечки објект што се појавува во северноамериканскиот воздушен простор изминатава недела. Објектот бил соборен во близина на езерото Хјурон.

„Од минатата година американските балони на голема височина извршија повеќе од 10 нелегални летови во кинескиот воздушен простор без одобрение од релевантни кинески институции“,

рекол портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин на редовниот брифинг во Пекинг денеска, пренесува Ројтерс.

Според новинската агенција, Ванг конкретно не ги опишал балоните како воени или шпионски и не дал дополнителни детали.

На прашањето како Кина реагирала на таквите упади во нејзиниот воздушен простор, Ванг рече дека нејзините одговори биле „одговорни и професионални“.

Од Министерството за одбрана на САД засега нема одговор на барањето за коментар од Ројтерс во врска со наводите на Пекинг.

Тврдењето на Кина доаѓа откако Соединетите Американски Држави на 4 февруари соборија, како што рекоа, кинески шпионски балон во близина на брегот на Јужна Каролина кој со денови лебдеше над континенталниот дел на САД.

Поради балоните, САД ја одложија посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг, која беше планирана за 3 февруари и требаше да биде прв состанок на високо ниво меѓу САД и Кина во последните неколку години.

Кина вели дека балонот бил цивилен и по грешка залутал во воздушниот простор на САД, истовремено обвинувајќи го Вашингтон за неумерена и претерана реакција.

 „Првата работа што треба да ја направи американската страна е да се погледне себеси, да ги промени своите начини, да не оцрнува и да поттикнува конфронтација“,

рече Ванг.

Во последните денови американската војска собори уште три летечки објекти над Северна Америка.

Ванг рече дека нема информации за последните три објекти соборени од САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Апсења во Гази Баба, Центар и Карпош поради дрога

Следно

Пекинг: Американските балони го нарушија кинескиот воздушен простор десетина пати од почетокот на минатата година

Latest from Blog

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на

Меџити најави 200 електрични такси-возила со државни субвенции

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот. „Возилото што

Исповеди на „девојки од јахти“: ТЕМНАТА СТРАНА НА „ЛУКСУЗНИОТ“ БИЗНИС

Работа од соништата – така многумина би ја опишале можноста за дружење со богатите и славните и забавување на луксузни јахти вредни милиони. Иако звучи примамливо, честопати е доста тешка задача, пишува

Европарламентарците кои Вучиќ и Брнабиќ ги нарекоа „олош“ ја напуштија Србија

Во делегацијата беа Расмус Нордквист од Данска и Вула Цеци од Грција, пренесе Индекс. „Благодарни сме на Европската зелена партија, копретседателот Вула Цеци и европратеникот Расмус Нордквист кои вчера застанаа со граѓаните
Go toTop