Седум работи кои децата најтешко ги простуваат

September 24, 2025
1 min read

 Ваквите искуства ги обликуваат нивните емоции и честопати го придружуваат растењето, а и зрелата возраст. Затоа е важно да препознаете кои ситуации можат да бидат најтешки за простување.

1. Недостаток на внимание

На децата им е тешко да простат кога се чувствуваат запоставени. Ако родителите не одвојат време за разговор, игра или едноставна блискост, децата тоа го доживуваат како отфрлање кое останува запаметено.

2. Критикување и омаловажување

Психолозите и психотерапевтите истакнуваат дека зборовите се моќни и дека децата ги паметат критиките многу подолго отколку што родителите мислат. Кога децата постојано се чувствуваат помалку вредни, тоа ја уништува нивната самодоверба и подоцна им ги отежнува односите со другите.

3. Неисполнети ветувања

Кога родителите ветуваат нешто, а не го исполнуваат, децата го доживуваат тоа како предавство. Дури и малите работи, како ветеното одење во парк, остануваат длабоко врежани и тешко се забораваат.

4. Споредба со другите

Според различни терапевти, споредбите со браќата и сестрите или врсниците им испраќаат на децата порака дека не се доволно добри. Ваквите искуства создаваат чувство на неправда и долготрајни последици.

5. Прекумерна строгост

Децата понекогаш тешко простуваат кога ќе почувствуваат дека се казнети неправедно или премногу строго. Наместо да учат од своите грешки, тие чувствуваат само страв, срам и гнев кон своите родители.

6. Недостаток на поддршка

Стручните лица нагласуваат дека родителската поддршка е клучна за развој на сигурноста во себе и самодовербата. Кога детето нема на кого да се обрати за утеха или помош, останува само чувството на празнина.

7. Отфрлање на емоциите

Децата понекогаш тешко поднесуваат кога нивните емоции не се признаваат. Ако им се каже дека претеруваат, дека се премногу чувствителни или дека немаат причина да бидат тажни, се чувствуваат погрешно разбрани и осамени.

Иако воспитувањето е полно со предизвици, важно е да се запомни дека децата ги паметат постапките исто колку и зборовите. Почитувањето, вниманието и поддршката се основа на односот што трае цел живот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гави го оперираше менискусот, ќе мора да паузира до февруари

Следно

Роберт Де Ниро гради хотел на ПОСЕБНА ПЛАЖА (ФОТО)

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop