Седници на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

January 11, 2024
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет. Засега нема официјална најава за тоа дали од овие седници ќе произлезат заклучоци за тоа кои ќе бидат министрите и дополнителните заменици министри од партијата во техничката влада која треба да се формира најдоцна на 28 јануари.

Извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката влада, но Мицкоски ќе им предложи на сопартијците да донесат одлука во Собранието пратениците да се воздржат од гласање за Талат Џафери за премиер на преодната влада. 

Најавената средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и Мицкоски се уште не е реализирана, барем за јавноста, а последните информации беа дека партиите комунициираат на ниво на потпретседатели.

Формалната постапка за подготовка и формирање на техничката влада, според соопштението од последната координативна средба кај Џафери, е најавен за 22 јануари, а треба да финишира со изборот на преодната влада на 28 јануари. Оваа влада според нашето законодавство се формира сто дена пред изборите, а мандатот ѝ истекува со формирањето на новата влада, некаде до средината на јули.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На распуст без учебници – неизвесност и во второто полугодие

Следно

Власта пред да се јави во Грција да си одговори – кој е виновен за хаосот и понужувањето околу пасошите…

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop