Седници на две собраниски комисии, утре прва пленарна седница годинава

January 9, 2023
1 min read

Пратениците од денеска се враќаат на работа по новогодишните и божикните празници. За денеска се закажани седници на две собраниски комисии, а веќе утре треба да се одржи и првата пленарна седница во оваа година. Денеска се очекува да се одржи и редовната координација на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи.

Седници треба да одржат Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе ја слушнат Програмата и приоритетите на Шведското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2023 година, а на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност ќе биде разгледана Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година).

Првата собраниска седница за годинава е планирано да се одржи утре. На предложениот дневен ред на 99. седница ставени се 15 точки, главно закони во прво и во второ читање.

Минатата 2022 година, Собранието одржа 39 нови седници, а заедно со продолженијата од претходно 50. Одржани се осум седници за пратенички прашања, имало четири обраќања на странски гости и едно на претседателот на државата. На овие 39 седници имало 290 усвоени точки на дневниот ред, од кои 190 се разгледани, а 100 неразгледани.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Цените на нафтата драстично паднаа во првата недела од новата година

Следно

Елмас: Ако треба ќе бидам и голман, само Наполи да победува

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop