Седница на ЦО на СДСМ: Овластување на претседателот Ковачевски за Европски фронт, Зечевиќ е Шеф на централниот изборен штаб

December 26, 2023
2 mins read

реклама


На денешната седница Централниот одбор на СДСМ донесе повеќе одлуки и заклучоци.

1.

реклама

Врз основа на иницијативата за широк Европски фронт, Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот Димитар Ковачевски да формира работна група и да разговара со сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите оние кои го поддржуваат европскиот пат и иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на Унијата да се приклучат и заедничка соработка околу остварување на стратешката цел: членство во ЕУ.

2.

реклама

Централниот одбор го утврди Јован Митрески за кандидат на СДСМ за Претседател на Собранието до завршување на мандатот на парламентарниот состав 2020-2024 година.

3.

реклама

Врз основа на статутарните надлежности, членовите на Централниот одбор донесоа Одлука за утврдување на кандидати за Министри, Заменици министри и Дополнителни заменици министри во Техничката влада на Република Северна Македонија од редовите на СДСМ.

-Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Централниот одбор ја утврди Славица Грковска.

-Кандидат за Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции е избран Фатмир Битиќи.

-Кандидат за Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања е избран Бојан Маричиќ.

-Кандидат за Министерка за култура е избрана Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Кандидат за Министерка за животна средна и просторно планирање е избрана Каја Шукова.

-Кандидат за Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Љупчо Николовски.

-Кандидат за Министер за транспорт и врски е избран Благој Бочварски.

-Кандидатка за Министерка за обрана е избрана Славјанка Петровска.

Централниот одбор утврди и кандидати од СДСМ за заменик министри:

-Викторија Аврамовска Мадиќ, Заменик министерка за правда.

-Маја Манолева, Заменик министерка за здравство,

-Александар Бајдески, Заменик министер за информатичко општество и администрација.

-Филип Николовски, Заменик министер за финансии.

-Мики Крстев за заменик министер за локална самоуправа.

-Кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи Централниот одбор на СДСМ го утврди Митко Бојмацалиев, актуелен Шеф на кабинет на министерот Спасовски.

-Кандидат за дополнителен заменик министер за труд и социјална политика ја утврди Јована Тренчевска, претседателка на Форум на жени и актуелна министерка.

Техничката Влада е законска обврска и сите партии треба да ја испочитуваат оваа законска обврска, да учествуваат во изборниот процес, без калкулации.

4.

За Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, Централниот одбор го избра генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски.

СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа на претседателските и парламентарните избори. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска Влада.

5.

За претседавач со Централниот одбор на СДСМ е избрана Салавјанка Петровска, којашто заедно со Дашмир Афети од Желино се избрани и за нови членови на ЦО.

6.

Централниот одбор на СДСМ го утврди Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидат на СДСМ за Претседател на Република Северна Македонија на претседателските избори во 2024 година, како и Правилникот, роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за пратеници  на СДСМ во Собранието на  Република Северна Македонија.

7.

Донесена е Одлука за свикување на Дваесет и седмиот Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидат на СДСМ  за Претседател на Република Северна Македонија како и Одлука за свикување на Дваесет и осмиот Конгрес на СДСМ за утврдување на кандидати за пратеници на СДСМ во Собранието на  Република Северна Македонија за парламентарните избори во 2024 година.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шведска е чекор поблиску до членство во НАТО по гласањето на турскиот парламентарен комитет

Следно

Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски одликувани со Орден за заслуги – Медал за заслуги за шоуто „К-15“, Повелба на Македонија за Албански театар

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop