Седница на собраниската Законодавно-правна комисија

March 7, 2025
1 min read

Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, во прво читање.

Целта на Предлог законот е да се регулира статусот на оние градби кои се во определена фаза на изградба, да можат да продолжат во понатамошна фаза согласно одредбите од Законот за градење со доставување на дополнителни докази без дополнителни финансиски оптоварувања по државниот буџет.

Како што е наведено во Предлог законот, се појавува застој во реализацијата на тековни проекти на Јавното претпријатие за државни патишта, Дирекцијата за технoлошки индустриски развојни зони, објекти од значење за земјоделството и економскиот развој, како на пример брани, како и објекти од областа на образованието, а пред се објекти за сместување на факултетите.

– Се работи за голем број на инфраструктурни објекти, како и други објекти од јавен интерес кои од административна причина поврзана со недоволна екипираност на одредени институции односно неажурност на истите како и поради недоволна јаснотија на одредбите, се затекнати во опредлена фаза и не се во можност да продолжат да се реализираат, стои во образложението.

Предложените измени и дополнувања претходно добија зелено светло од матичната Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитријевиќ: Целта беше да одиме на ЕП, немавме среќа, но и системот на ФИБА не е фер

Следно

Левица: Таравари го продаде паркингот на клинички на сомнителна фирма од Албанија

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop