Седница на ОН

April 15, 2024
1 min read

Итаната седница на советот на обединети нации помина со меѓусебни обвинувања меѓу Иран и Израел. Амбасадорот на Иран го осуди израелскиот напад врз иранското дипломатско претставништво во Дамаск, неговиот израелски колега кажа дека Иран покренал војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, пради што морало да се возврати. Двајцата го повикаа Советот за безбедност да воведе санкции.

– Советот за безбедност да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација и да ги „воведе сите можни санкции кон Иран пред да биде предоцна.“ – изјави Гилад Ердан -Амбасадор на Израел во ОН.

– Време е Советот за безбедност да ја преземе својата одговорност и да се справи со вистинската закана за меѓународниот мир и безбедност. – изјави Амир Саид Иравани -Иранскиот амбасадор во ОН.

САД нема да учествуваат во каква било израелска одмазда против Иран, велат официјални лица од Вашингтон. Роберт Вуд пак заменикот американски амбасадор во советот на обединетите нации повика Иран и неговите партнеи веднаш да престанат со нападите.

– Америка ги поддржува правата на Израел да се брани од овие напади, а како што веќе претседателот Бајден кажа ќе останеме во контакт со Ираелските власти. – изјави Роберт Вуд- заменик американски амбасадор во ОН.

Првиот директен удар на Иран врз Израел е легитимен одговор на нападот на израелската армија врз дипломатската мисија на Техеран во Сирија изјави Василиј Небензија, постојан претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН. Тој ги обвини западните земји за двојни стандарди.

– Она што се случи ноќта на 14 април не се случи ‘во вакуум’. Чекорите на Иран беа одговор на срамното недејствување на Советот за безбедност на ОН, одговор на бесрамниот напад на Израел врз Дамаск, и не беше прв пат.“ – изјави Василиј Небензија-претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН.

Aктите на одмазда кои вклучуваат употреба на сила се забранети според меѓународното право, потсети Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

– Повелбата на ОН забранува употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која и да држава. го осудувам нападот на Иран врз Израел. – изјави Антонио Гутереш- Генералниот секретар на Обединетите нации.

Државите од Г7 изразија солидарност со Израел и ги осудија постапките на Иран. Тел Авив засега не открива каков одговор ќе има кон Иран по масовниот напад.Иран лансираше низа беспилотни летала и проектили кон Израел, како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа седум офицери на Револуционерната гарда. Тоа беше првиот директен напад на Иран врз Израел од негова територија во историјата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арбен Таравари во Велес, вечерва во Желино

Следно

Ангелов: Пожарот на Шар планина доби сериозни димензии, го гасат два хеликоптери

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop