Седми предвремени избори во Бугарија во последниве четири години

October 24, 2024
1 min read

Бугарите в недела ќе гласаат на седмите предвремени избори во последниве четири години, додека политичките партии во земјата продолжуваат да се борат за формирање стабилна коалиција, а гласачите сè повеќе ја губат вербата во резултатите, пишува денеска Хина.

Бугарија, најсиромашната членка на Европската Унија и една од најкорумпираните држави во блокот, се соочува со постојани владини промени откако протестите против корупцијата во 2020 година придонесоа за падот на коалицијата предводена од десноцентристичката партија ГЕРБ. Најновите анкети покажуваат дека нема јасен победник или очигледни опции за стабилна коалиција. Одѕивот на гласачите, кој се очекува да биде околу 30 проценти, би можел да биде најнизок од падот на комунизмот.

Гласањето ќе заврши во 20 часот, а резултатите од излезните анкети се очекуваат веднаш потоа. Конечните резултати ќе пристигнат по неколку дена.

Аналитичарите предвидуваат нови избори на почетокот на следната година доколку не се постигне неочекувано политичко партнерство или не се појави силен лидер кој ќе обедини коалиција.

– Политичкиот систем е во длабока криза, изјави Огњан Минчев, професор по политички науки на Универзитетот во Софија.

Оваа ситуација е загрижувачка за Бугарија, која има 6,4 милиони жители и која излегува на Црното Море. Нејзиното пристапување кон ЕУ во 2007 година донесе период на оптимизам, зголемен стандард на живеење и брз економски раст. Но, глобалната финансиска криза, пандемијата на коронавирусот и војната во Украина го намалија приливот на странски инвестиции. На земјата итно и треба стабилна влада за да го забрза добивањето средства од ЕУ и да го започне процесот за воведување на еврото, наведува хрватската агенција.

На последните избори, ГЕРБ освои најмногу гласови и доби 68 пратенички места во парламентот од 240, но не успеа да формира мнозинска коалиција. Следниве обиди на други партии исто така пропаднаа, што доведе до нови избори.

Според анкетата на Alpha Research, ГЕРБ води со 26,5 проценти од гласовите, реформската партија Продолжуваме со промените има 14,9 проценти, а ултранационалистичката проруски ориентирана Преродба има 14,2 проценти.

Излезноста се очекува да биде меѓу 30 и 32 проценти, значително помала во споредба со над 75 проценти во 90-тите години и околу 50 проценти пред само три години. Многу гласачи не планираат да учествуваат, но некои го гледаат гласањето како единствен излез од политичката криза.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запалено возилото на новинарот и сопственик на регионалната Телевизија МНЕТ

Следно

Седми предвремени избори во Бугарија во последниве четири години

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop