Седлоски: Очекувам да покажеме карактер, Вардар може да се носи со сите ривали!

July 22, 2025
1 min read

Мал бран на еуфорија ги зафаќа вардаровите навивачи пред важниот европски дуел против Лозана во рамките на второто коло на Конференциската лига. Тренерот на победникот на Купот на Македонија, екипата на Вардар, Гоце Седлоски за јавниот национален сервис изјави дека очекува солиден пристап од играчите во двомечот со швајцарската Лозана, истакнувајќи дека тимот има доста нови поединци, но е доволно зрел за да покаже карактер.

Вардарци се аутсајдери во двомечот со Лозана, но Седлоски верува дека најтрофејниот клуб во Македонија има квалитет да направи уште еден сериозен исчекор во Конференциската лига.

„Лозана има неколку промени во екипата, а воедно доведе и нов тренер. Мислам дека имаат квалитет, но мене ми е најважно како ќе изгледа мојата екипа. Играчите знаат што бараме од нив и очекувам да покажеме карактер уште од првата минута.

Сакам да покажеме дека можеме да се носиме со сите ривали. Имаме нови играчи кои лесно се адаптираа на нашата филозофија. Ќе се обидеме да оствариме добар резултат во Скопје, а потоа ќе мислиме на реваншот“, изјави Седлоски.

Вардар ја пречекува Лозана на 24 јули. Натпреварот ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ и ќе започне во терминот од 20:30 часот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Петнаесет Палестинци, меѓу кои 4 деца, починаа од глад во последните 24 часа“, објави Министерство за здравство на Газа

Следно

„Секој што молчи за геноцидот во Газа е соучесник“, истакна Ердоган

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop