Се зголемува таксата за отпорност на климатски кризи во туристичките објекти во Грција

September 16, 2024
1 min read

Од половина до пет евра ќе биде поскапа таксата за отпорност на климатски кризи во туристичките објекти во Грција во периодот од април до октомври, додека пак таксата за патниците од крузерите ќе изнесува од едно до 20 евра во зависност од периодот и островот на кој пристигнуваат туристите, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежните грчки министри денеска детално ги анализираа мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти на Меѓународниот саем во Солун пред една седмица, а се однесуваат, меѓу другото, и на туризмот.

Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис објасни дека таксата за отпорност на климатски кризи во хотелите, туристичките објекти и сл се зголемува за периодот април – октомври од 0,50 до пет евра.

Поконкретно, за хотелите со една и две ѕвезди и за собите за изнајмување ќе биде две евра наспроти евро и половина колку што беше досега, за две евра поскапа ќе биде таксата за хотелите со три ѕвезди (од три на пет евра), за хотелите со четири ѕвезди е десет евра од досегашните седум евра, а најголемо зголемување има за хотелите со пет ѕвезди и вили, односно од вечер ќе се плаќа такса од 15, наспроти досегашните десет евра.

Кај сместувањата од типот на Аирбнб таксата се зголемува од 0,50 евра на две евра во зимските месеци и од 1,50 на осум евра во летото.

Хаѕидакис објасни дека периодот во кој се применува ниската такса (ноември до февруари) се продолжува за еден месец и го опфаќа март и цените остануваат како и досега.

Според министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани, приходите од таксата за отпорност на климатски кризи ќе бидат наменети за „превенција и обнова од природните катастрофи, како и за подобрување на инфраструктурата за поддршка на туристичкиот производ на земјата“.

Во однос на туристите од крузерите, министерката соопшти дека посебната такса по патник на пристаништата на Миконос и Санторини ќе биде 20 евра, а на останатите пристаништа во земјата пет евра за периодот од 1 јуни до 30 септември.

Во април, мај и октомври таксата ќе биде намалена за 40 отсто, односно за двата конкретни острови ќе биде 12 евра, а за останатите по три евра, додека од ноември до март ќе се намали за 80 проценти на четири, односно едно евро.

Кефалојани истакна дека процените се дека таксата од крузерите годишно ќе донесе околу 50 милиони евра, а приходот ќе биде распределен на три дела, еден за општините каде што пристигнуваат патниците, друг ќе се вметне во буџетот на Министерството за поморство со цел да се извршат неопходните работи на пристаништата, а останатиот дел ќе биде вклучен во буџетот на Министерството за туризам со цел подобрување на туристичката инфраструктура за поддршка на туристичкиот производ на земјата.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

У17: Македонските фудбалерки го освоија второто место на турнирот во Италија

Следно

Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop