Се зголемува интересот на кинеските туристи за Туркије

December 11, 2023
2 mins read

ИЗМИР (АА)

– Халил ШАХИН

Потпретседателот на Турската федерација на хотелиери (ТУРОФЕД), Мехмет Ишлер, изјави дека Туркије има потенцијал да биде домаќин на 10 милиони туристи од Кина, каде што за 15 % е зголемена побарувачката за раните резервации во споредба со минатата година, пишува Анадолу.

Ишлер за дописникот на АА изјави дека Туркије, која имаше успешна година во туризмот, се чини дека ќе продолжи со својот раст и во 2024 година, врз основа на раните резервации.

Зборувајќи дека Туркије започнала агресивна промоција, при што кампањите за рана резервација е функционална, Ишлер рече дека според најновите бројки, германскиот пазар е водечки, пазарот во Велика Британија покажал значителен напредок, а придвижувања има и на пазарите на Холандија, Франција и Полска.

Информирајќи дека има зголемување од 15 % на раните резервации направени од Кина во споредба со минатата година, Ишлер истакна:

„Пред пандемијата, приближно 500.000 кинески туристи дојдоа во Туркије до 2019 година. Подоцна, тоа се намали поради пандемијата и одлуките што ги донесе кинеската Влада за забрана на кинеските туристи да одат во странство, во некои земји. Но, неодамна, кинеската Влада ја укина таа одлука. Туркије има можност да создаде нов пазар таму. Доколку земеме дека Германија е пазар од околу 6 милиони, Русија е блиску до неа, а Англија е пазар од околу 2,5-3 милиони, турскиот туризам може да прими 10 милиони туристи од Кина. Туркије има шанса 20 % од вкупниот број туристи во земјата да ја сочинуваат само туристи од кинескиот пазар. Бројката од 10 милиони туристи никому не треба да му изгледа како многу. Од земја со популација од речиси 1,5 милијарди, да се добие удел од 10 милиони туристи денес и не е невозможна цел.“

– „Се издвојуваат културниот и гастрономскиот туризам“

Посочувајќи дека Кинезите наместо песок, сонце и море се заинтересирани за полето на културата и гастрономскиот туризам, кои и Туркије сака да ги развие, Ишлер истакна дека Кинезите особен интерес покажуваат за посета на Истанбул, Кападокија, Ефес, Памуккале, Бергама, Сардис и Анталија.

Зборувајќи дека турскиот туризам има способност да ја зголеми различноста на пазарот наместо да остане на еден или два главни пазари, и дека Турската агенција за промоција и развој на туризмот (TGA) има голема улога во промоцијата и маркетингот, Ишлер продолжи со зборовите:

„Турскиот туризам ќе направи огромен исчекор напред доколку се фокусира на производите што кинескиот пазар навистина ги сака, нив добро ги сервираме и убаво спакувани ги нудиме нашите производи. Тука, особено на ТГА ѝ паѓа огромна одговорност. Промотивните кампањи во Европа треба да се адаптираат и за кинескиот пазар. Со стратешко планирање, не е невозможно 10 милиони туристи од Кина да дојдат во Туркије во следните 5 години.“

Ишлер, исто така, напомена дека Кинезите претпочитаат месеци различни од летните месеци, кои се екот на сезоната, и додаде дека тоа е важно и од аспект на поставената цел туризмот да се прошири на 12 месеци.

– Бројот на кинески туристи рапидно се зголемува

Благодарение на промотивните кампањи што ги спроведува Туркије, бројот на туристи од Кина, која се издвојува меѓу земјите со висок потенцијал за раст во глобалниот туристички сектор, од 28.000 во 2002 година се зголеми на 426.000 во 2019 година.

Кинескиот пазар, каде што бројката на туристи се намали на 26.000 во 2021 година поради ефектот на ограничувањата за патување што беа воведени во оваа земја во периодот на Ковид-19, се зголеми на 89.515 во 2022 година. Бројот на кинески туристи и оваа година рапидно се зголеми по укинувањето на ограничувањата за групно патување, во периодот јануари-октомври, достигнувајќи 198.807 туристи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британија ќе ти бара селфи пред да си пуштиш порно

Следно

Горивата поевтинуваат за два денари

Latest from Blog

Кина вели дека договорот меѓу САД и Иран треба да заврши во ОН

Американските и другите меѓународни претставници изразија претпазлив оптимизам во последните денови за напредокот во разговорите за прекин на конфликтот. Ванг рече дека Кина се надева дека сите вклучени страни ќе останат посветени

Петровска: Министерката за финансии бега од одговорност за задолжувањето со нејзиното неприсуство

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, оцени дека задолжувањето од 260 милиони евра се носи во нетранспарентна постапка и предупреди дека средствата можеби нема да бидат искористени за развојни проекти. „Во овие неколку

Димитровски: Лажните вести нема да ја запрат модернизацијата на Битола

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку јавно обраќање упати критики кон, како што наведе, „лажните вести и кочничарите“ кои ја критикуваат реализацијата на велосипедската инфраструктура во градот. Димитровски посочи дека Битола

Израелската армија тргна во акција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање стратешки позиции и зајакнување на безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни
Go toTop