Се уште се чека екстрадицијата на Палевски – Спасовски: Се прават напори тоа да биде што е можно побрзо

December 21, 2023
1 min read

реклама


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека се уште нема најави за  екстрадиција на Љупчо Палевски  кој е првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања. Сепак Спасовски тврди дека се презема се што е потребно за тој да биде испорачан на македонските власти.

„Немаме се уште информации, за тоа може подетално министерот за правда да има такви информации. Сме во постојана комуникација, ги преземаат сите активности за тоа да заврши што е можно побрзо“, порача Оливер Спасовски.

реклама

Од Министерството за правда велат дека се уште нема најава за негова екстрадиција и дека постои комуникација со турските власти за се што треба.

„Се што е побарано од нас од Турција ние им доставуваме,  може да се бара од нас дополнителни документи и ние ќе постапиме по барањето. Во моментов нови барања нема. Целата постапка може да трае со месеци, бидејќи такви се процедурите на турските власти“, вели Министерството за правда.

реклама

Во однос на истрагата Спасовски и натаму не открива детали за преземените дејства. За обвинувањата од опозицијата дека полицијата не постапувала соодветно тој рече дека не е точно дека полицијата не постапила од 24 ноември за да го бара украденото возило на убиениот Жежовски со кое беше киднапирана Вања. Спасовски ги отфрли сите шпекулации и рече дека сите одговори ќе ги даде крајот на истрагата.

„Шпекулациите кои што ги шират во јавност, било кој да е тоа, не одговараат со вистината и не помагаат, туку напротив одмагаат на целиот тој процес. Ги дадов сите одговори и во детали истрагата ќе ги открие сите тие прашања кои што сега ги имаме, траектории на движење и така натаму“, вели Оливер Спасовски.

реклама

Случајот со двојното убиство на Вања и велешанецот Жежовски, е во Јавното Обвинителство. Оттаму деновиве информираа дека се уште се прибираат докази како и тоа дека извештајот од Институтот за судска медицина за обдукцијата на Вања се уште не е доставен до Обвинителството.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се реконструираат улици во Миладиновци

Следно

Костадиновска-Стојчевска на увид на реконструираната сала во Спомен-домот АСНОМ во Делчево

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop