Се урна трикатна зграда во Кучукчекмеџе, Истанбул, едно лице загина, 7 повредени

June 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА)

Шест повредени лица се извлечени од под урнатините на 3-катната зграда што се урна во местото Кучукчекмеџе, во западниот дел на областа Истанбул, известува Анадолу.

Од засега непознати причини се урна 3-катна станбена зграда во подрачјето Кучукчекмеџе, во Истанбул.

По применото известување на местото на настанот се испратени голем број противпожарни единици, екипи на здравството, полицијата и АФАД.

Спасувачките екипи веднаш започнале со акцијата за пребарување и спасување откако биле информирани дека има луѓе затрупани под урнатините и притоа комуницирале со едно лице под урнатините.

– Едно лице загина, едно лице самостојно се извлекло од урнатините

При уривањето, зграда паднала врз паркирани возила, а причинета е штета и кај автобус за јавен превоз кој минувал покрај зградата кога се урнала.

Спасувачките тимови од под урнатините го извлекле телото на еден загинат, а друго лице успеало самостојно да се извлече од под урнатините и на екипите им дало информации за затрупаните во зградата.

Досега од под урнатините се извлечени вкупно 7 лица. Во тек се напорите на спасувачките екипите за извлекување на преостанатите затрупани. Повредените се препратени во болница, а на 2 лица лекарска помош им била укажана на самото место.

На местото на настанот пристигнал и гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, кој извршил увид на состојбата и бил информиран од екипите на теренот.

– Соопштение од гувернерството

Во соопштението на гувернерството на Истанбул се наведува дека околу 08.40 часот се урнала трикатната зграда лоцирана во подрачјето на Кучукчекмеџе, Истанбул, а голем број екипи на АФАД, спасувачи и и медицински тимови се наоѓаат на местото на несреќата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Србија денеска се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград

Следно

ЦУК: Во последното деноноќие 1.993 повици на 112, три пожари на отворено

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop