Се урна покривот на аеродромот во Њу Делхи, еден загинат, летовите откажани

June 28, 2024
1 min read

Покривот на меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ во индиската престолнина Њу Делхи се урна во петокот под силен дожд и ветрови. Едно лице загина, а летовите се откажани, објавија официјални лица.

– Целиот терминал, еден од трите на најпрометниот аеродром во земјата, е евакуиран и наредена е истрага за колапсот. Неколку лица се повредени, изјави индискиот министер за авијација Кинјарапу Рамохан Наиду.

Педесет домашни летови се откажани или одложени, според платформата за следење летови Flightradar24.

– Осуммина повредени се пренесени во болница, изјави Атул Гарг, директор на противпожарната служба во Делхи.

Околу 148,5 милиметри дожд паднаа во областа на аеродромот во текот на три часа, што е повеќе од просекот за цел јуни, според Индискиот метеоролошки завод.

Многу други делови на Њу Делхи исто така беа поплавени, а автомобили беа заглавени во водата висока околу еден метар.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица кандидати кои ќе го враќаат „отуѓениот“ СДСМ кон членството

Следно

Објавен ревизорскиот извештај за Министерството за транспорт и врски

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop