Се тресе престолот на Скопје како европски град на културата

February 12, 2025
5 mins read

Дали заради судирот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Данела Скопје ќе ја изгуби титулата Европска престолнина на културата за 2028? Или тој намерно се подгрева за да преземе иницијативата со победа на локалните избори во Скопје, цел на која претендира ВМРО-ДПМНЕ?

Зоран БОЈАРОВСКИ

Одборот на Европската комисија кој е задолжен за следење на обврските на градовите кои се стекнале со титулата Европска престолнина на културата се сериозно загрижени за состојбата на подготовките и за реализацијата на програмата за Скопје, Европска престолнина на културата 2028 и дали Град Скопје и сите останати институции како и Министерството за култура и туризам, всушност, ќе можат да ги испорача високите стандарди што се очекуваат за организацијата на вакви настани.

Според извештајот од експертскиот панел од првата мониторинг средба за настанот Скопје – Европска престолнина на културата 2028 (Скопје ЕПК 2028), е наведено дека Скопје треба значително да го подобри исполнувањето на своите обврски и се наведуваат 13 препораки кои властите ќе мора да ги исполнат.

„Панелот силно се надева дека овој пат Скопје ќе ги исполни заложбите артикулирани од претходно и потврдени на првиот мониторинг состанок и дека суштинските елементи што недостасуваат во Извештајот за напредокот ќе бидат брзо адресирани. Панелот бара итен пристап до сите релевантни информации кои не се презентирани за време на состанокот, вклучувајќи ги статутите на телото за испорака, уверувања за нивото на политички и финансиски заложби од Министерството, Градот Скопје и другите партнери“, се наведува во Извештајот, кој бара од властите и детална културно-уметничка програма со соодветни буџети, организациска структура, планови за мониторинг и евалуација и стратегија за комуникација и маркетинг.

Не знаеме како се чувствувале претставниците на Град Скопје и на Министерството за култура и туризам кога луѓето од ЕУ, задолжени за мониторирање на подготовките за организација на програмата за Скопје, Европска престолнина на културата 2028, на состанокот во октомври им ги посочиле критичните области во кои Скопје мора значително да се подобри ги исполни своите обврски како една од трите европски престолнини на културата 2028. Ако имале образ, тогаш – непријатно или засрамено, би било најочекуваното чувство.

За време на дискусијата на средбата панелот изразил значителна загриженост дека извештајот поднесен од страна на град Скопје не се придржувал до деталните упатства дадени од Европската Комисијата во однос на специфичната содржина потребна за извештајот за напредокот на програмата за Скопје, Европска престолнина на културата.

Луѓето од Европската комисија им посочиле на претставниците на Град Скопје и на останатите присутни на состанокот дека треба строго да се придржуваат до ветувањата наведени во неговата победничка понуда, особено на создавање на висококвалитетна културна програма со силна европска димензија.

Додека на претставник од град Скопје презентираше амбициозни пресвртници и најавувал интензивирање на активностите гостите од ЕУ на панелот потсетиле дека и претходно, во април за време на посетата на делегацијата на Скопје имало вакви ветувања, но тие не биле исполнети.

Намерно се болдирани овие поенти од извештајот на мониторингот на групата за мониторинг за да биде појасно подготовките и за напредокот за програмите предвидени како стандард за манифестација како што е Европска престолнина на културата, реферира пред Европската комисија.

Градот е на црвената линија да ја пропушти шансата за реализација Скопје ЕКП 2028

Оттаму сосема јасно произлегува загриженоста на културните работници во Скопје, дека „би било жално и срамно да ја преминеме црвената линија и да ја пропуштиме шансата за реализација на овој проект“.

Официјалното лого на Скопје-Европска престолнина на културата за 2028 година; Извор: skopje2028.mk

„Ако не се смени радикално пристапот и ако забрзано не се надополни пропуштеното, постои голема опасност да ни се одземе титулата“, дециден е Роберт Алаѓозовски, поранешен член на првото Координативното тело за подготовка на кандидатурата за добивање на оваа значајна титула – Европска престолнина на културата.

За него, одземањето на титулата би било погубно, и културно и политички и симболички.

Роберт Алаѓозовски смета дека проектот се соочува со проблеми, поточно, дека проектните лидери и проектниот тим се менуваат премногу често и дека не може да се изгради критична маса на луѓе кои можат стратешки и оперативно да почнат да го работат.

„Ова е настан којшто се игра, слично на кошарката, во четвртини. Оваа постава на градот ја утна целосно првата четвртина. Таа е изгубена. Ако се направи итна промена на пристапот и ако работите се постават како што треба, сè уште има време пропуштеното да се надомести. Тоа значи дека треба да се напушти кавгаџискиот менталитет на политичките структури кои доминираат во Град Скопје, а сега и централно. Овој проект треба да се работи по сите принципи на добро владеење. Да се обезбеди не само декларативна, туку и суштинска поддршка од сите политички актери“, изјави тој за „Медиумите за ЕУ“ спроведуван од ЕВРОТИНК и партнерите АЛДА и БИРС, а финансиски поддржан од ЕУ.

Она што треба да се направи, според Алаѓозовски, е вклучување на сите професионалци во културата кои ќе имаат јасен мандат и цврсти договори за да можат да одговорат на задачите, да се обезбеди суштинска поддршка од целата културна фела и од сите сродни дејности.

И од Министерството за култура и туризам, на прашање на Рацин.мк, велат „веруваме дека ќе се надминат предизвиците и  дека градот Скопје, наредните години ќе покаже дека заслужува да биде достоинствен, составен дел од европскиот културен простор и дека бенефитот од реализираните активности ќе го почуствуваат, не само скопјани, туку и нашите европски пријатели“.

Сепак, од Министерството посочуваат дека иако претставници на министерството неофицијално биле поканети да бидат дел од телото коешто треба да ги менаџира активностите за организација на Скопје ЕПК 2028, тие сѐ уште не се формално правно верификувани од страна на Градот Скопје во рамки на телото. Затоа, велат, „не сме во можност да се произнесеме за конкретните активности поврзани со организацијата и понатамошните/ програмските активности“.

Од Министерството за култура и туризам за Рацин.мк изјавија дека и понатаму има подготвеност да даде поддршка за овој мега европски проект на Градот Скопје. Дополнително, програмските и другиот вид активности на Министерството и националните институции секогаш можат да бидат ставени во функција на активностите кои ќе се реализираат во рамките на остварувањето, односно потврдувањето на титулата Скопје ЕКП 2028.

Привилегијата да се биде Европска престолнина на култрурата носи огромни придобивки

Немања Миленковиќ, директор на Фондацијата „Нови Сад – европска престолнина на културата“ во едно интервју за Трн.мк, говори за тоа дека привилегијата да се биде Европска престолнина на културата носи огромни придобивки. Нови Сад ја доби оваа титула во 2022 година.

Немања Миленковиќ, директор на Фондацијата „Нови Сад – европска престолнина на културата“

„За секоја Европска престолнина на културата клучна е улогата на градот што се пријавува. Ова не е национална титула, иако е важна за секоја држава, но кога станува збор за Европската престолнина на културата, градот е клучен. Без вклучување на градот и препознавање на важноста на проектот, не само за развојот на културата, туку и за неговата трансформација на економски, социјален, па дури и политички план, сето ова не би било возможно. Градот Нови Сад успеа да ја препознае културата како начин на живот и важен дел од идентитетот на градот“, истакнува Немања Миленковиќ.

Милнековиќ вели дека во 2022 година за време на Нови Сад ЕПК 2022 имало  4000 програми, што значи просечно 10 програми на ден. Учествувале 6000 уметници од 54 земји.

„Ова е огромен број не само на уметници, туку и на посетители кои го препознаа Нови Сад како културен град, со или без титулата Европска престолнина на културата“, вели Миленковиќ во интервјуто за Трн.мк.

Тој нагласува дека најважно за секој град што ја добива титулата Европска престолнина на културата е да не го гледа тоа како краткорочен проект.

„Не треба да се гледа на тоа како на нешто што ќе заврши, туку како на почеток на еден долг процес на трансформација“, нагласува директорот на Фондацијата „Нови Сад – европска престолнина на културата“.

Затоа, од витално значење е Скопје да се подготвува за 2028 како за монументална година, а градот да ги прифати препораките за  формирање независно тело за испорака на концептот за Скопје ЕПК 2028 за да не се помине црвената линија пред којашто сега е запрен целиот процес. За тој подготовката и за реализацијата на тој концепт да се анимира и прибере висококвалификуван кадар, да се обезбеди трансфер на знаење од претходните тимови за да создадат карактеристична културна програма којашто ќе биде запаметена и којашто ќе отвори нови хоризонти за културниот идентитет на градот.

Со преземање на овие чекори, Скопје не само да ги исполни обврските, туку и да ја искористи оваа единствена можност да го трансформира својот културен пејсаж и да ја зајакне својата позиција во пошироката европска културна заедница.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меџити: Одлуката на владата за разрешување на Коцевски дојде поради континуирани правни прекршувања

Следно

Наутро студено време, преку ден облачно

Latest from Blog

Играј со најдобрите: Видеолотарија Касинос Австрија со 30.269.369 денари реновираше 11 игралишта во Скопје

Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија  со донација од 30.269.369 денари реконструираше 11 игралишта во Скопје и неговата околина.   Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, преку проектот

Владата не најде друго решение за високите цени на храната, па ги ограничи маржите до крајот на април

По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти што беа организирани во изминатите две недели, Владата донесе одлука да ги ограничи маржите во трговијата на мало до 10 проценти

Милевски: Сериозната, моментална борба на Владата ги вади на површина сите криминали кои судството ги премолчувало наназад низ годините

Судската власт треба да е независна и треба независно да суди, да го спроведува правото, да избира судии, да ги следи и да ги мониторира судските процеси, а обвинителството исто така и

Сиљановска-Давкова оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Амбасадорот ја запозна претседателката со планираните активности на Мисијата во 2025 година, посочувајќи ги, како приоритетни

Нов силен земјотрес во близина на Санторини: Продолжува да се тресе морскиот дел кај грчките острови

Нов земјотрес со јачина од 4.9 степени во моментов е регистриран во близина на Санторини, а серија земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос имало и во текот на изминатата
Go toTop