Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68.000 кокошки

March 8, 2025
1 min read

Птичјиот грип Х5Н1 ја прошири картата на инфекции во Албанија и една од најголемите живинарски фарми во земјата ја има болеста во четири објекти.

Досега се уништени 68.000 кокошки, а блокирани се 415.000 јајца.

Шефицата на кабинетот на Министерството за земјоделство, Ермира Ѓечи рече дека јајцата на пазарот се безбедни, бидејќи инспекторите на Агенцијата за ветеринарство и храна ја повлекле целата количина на јајца од оваа фарма.

Според Министерството за земјоделство, на пазарот нема заразени кокошки или месо. Со цел да се спречи инфекција на други живинарски фарми лоцирани во областа Рашбул во Драч, овие бизниси мора да се придржуваат до строгите мерки за биосигурност.

– Производите се безбедни, бидејќи кокошката не може да дава јајца кога е погодена од овој грип. Во меѓувреме, не се дозволени движења во објектот за да се спречи инфекција, додаде Ѓечи.

Според медиумите птичјиот грип Х5Н1 е присутен во 21 европска земја, поради што Албанија го забрани увозот на јајца од овие земји.  Во САД оваа инфекција им донесе големи штети на живинарските фарми, што услови и највисока цена на јајцето, кое се продава за 1,4 долари.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пукање во паб во Торонто, 12 лица повредени

Следно

Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат!

Latest from Blog

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,

Симулацијата покажа дека Македонија во квалификациите за ЕП 2028 ќе игра против еден гигант и ќе биде во група со само пет селекции (Фото)

Уште два дена остануваат до првиот меч на македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лига на нации. Македонија прв пат ќе игра во Б сегментот и тоа против Швајцарија. Дуелите од

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја
Go toTop