Се шири опасен чад: Експлозија и пожар во фабрика во Атина

June 12, 2024
1 min read

Во фабрика, најверојатно за садови за готвење, што се наоѓа во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, изби голем пожар на кој му претходеле и експлозии, а голем црн час се шири во околните населби, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку бројот 112 за итни случаи кусо откако изби пожарот беше испратена порака до жителите на околните населби дека чадот се упатува во нивниот регион и да останат во внатрешноста со затворени врати и прозорци.

Според првичните неофицијални информации, во објектот немало вработени во моментот кога изби пожарот.

Причините засега се непознати, материјалната штета е огромна, а и еден час по експлозијата и почетокот, огнените јазици сè уште не се ставени под контрола.

Интервенираат 45 пожарникари со 15 возила, како и хеликоптер кој помага во гаснењето од воздух. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема тага во семејството на Амиџиќ, неговата сопруга остана без важна личност

Следно

Руски воени бродови впловија во пристаништето во Хавана

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop