Се празнува Преподобен Харитон Исповедник

October 11, 2025
1 min read

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 септември.

Преподобен Харитон Исповедник

Угледен и благочестив граѓанин во градот Иконија. Задоен со духот на својата сограѓанка Текла, Харитон јавно го исповедаше името на Христос. Кога почна лутото гонење на христијаните во времето на Аврелијан, Харитон веднаш беше изведен на суд пред хегемонот. Судијата му рече да им се поклони на боговите (т.е. на идолите), на што Харитон му одговори: „Сите ваши богови се бесови, коишто се струполени негде заради гордоста во најкрајната темнина.“ И Светиот Харитон јасно ја објави својата вера во Единиот жив Бог, Создателот на с ? , во Господ Исус, Спасител на сите луѓе.

Тогаш хегемонот нареди и го биеја и го измачуваа телото на Харитон во толкава мера што целото тело му го прекрија со рани, така што целото беше како една рана. После ненавидната смрт на Аврелијан, којашто во тоа време го постигна злосторникот, Харитон беше ослободен од маките и од затворот. Тој тогаш се упати во Ерусалим. На патот го фатија разбојници, од кои по Божја Промисла се ослободи. И не сакаше повеќе да се враќа во Иконија, туку се повлече во Фаранската пустина, каде што основа обител и собра многубројни монаси. Откако ? даде типик на оваа обител и сакајќи да ги одбегне човечките пофалби, тој се оддалечи во една друга пустина кон Ерихон, каде повторно со време беше основана друга обител, наречена Харитонова. Најпосле основа и трета обител, наречена Сукиска или на грчки Стара Лавра.

Се упокои во длабока старост и се пресели во славата на својот Господ на 28 септември 350 година. Неговите мошти почиваат во неговата прва обител. На Св. Харитон му го припишуваат составот на чинот за монашки потстриг.

Тропар
Пустината во срцата на твоите ученици процвета, о, свети мачениче Харитоне, исповедниче на живата вера во Христа Бога, Спасителот по твоите молитви вода жива за нас постана, застапи се о, ти цвету пустински миомирисен, мирот Христов во тебе, да се слее во нашите души.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

11 Октомври – Денот на македонското народно востание свечено одбележан во Битола

Следно

Северна Кореја претстави нова интерконтинентална ракета на воена парада

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop