Се полнат амбулантите со пациенти кои имаат алергии од полен

March 11, 2025
1 min read

Матичните лекари, но и лекарите од Итната медицинска помош предупредуваат дека почнува сезоната на алергиите, со цветањето на дрвјата. Томица Наков лекар по општа медицина во Итната медицинска помош во Штип вели најчесто пациентите се алергични на поленот, кој е застапен во воздухот овој периодот од годината. Пациентите кои се алергични на полен знаат за тоа, и потребно е навремено да ја земаат својата терапија со цел да превенираат.

-Имаме пациенти кои се преосетливи на полен и има појава на алергиски реакции. Тие пациенти не се нови, туку тие си знаат дека имаат проблеми од поленот. Првична симптомалогија кај нив е течење на нос, сува и надрзнителна кашлица, кивање, печење и солзење на очите. На оваа симптоматологија можже лесно да се превенира доколку пацеинтите навремено си ја земаат терапијата, изјави Наков.

Апелира до пациените кои се алергични на полен да не се движат на места, каде што има повеќе дрва или цветови, како на пример на пешачката патека во Штип. Доколку мораат во тој случај може да се заштита со носење на маски.

-Да избегнуваат места кои се пренаселени со дрва и со цветови, како на пример пешачката патека покрај река Брегалница. Изложувањето на такви места ќе ги зголеми симптомите. Доколку некои луѓе мора да се изложени на места со дрва и цветови може да се превенира и со носење на заштитни маски, рече Наков.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицевски: СДС и ДУИ се единствени виновници за катастрофалните состојби во судството

Следно

АКО НЕ ИМ ДАДЕМЕ КНИГИ НА ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ, ЌЕ ЗАБОРАВАТ ДА ЧИТААТ, РЕЧЕ МОЈСОВА-ЧЕПИШЕВСКА ЗА НОВАТА НАГРАДА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ ОД „АРС ЛАМИНА“

Latest from Blog

Да се одржи партнерството со Унгарија, следен клучен сојузник Полска, порача Димовски

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма. „Кај

ТРАГЕДИЈА КОЈА ГО АЛАРМИРА СВЕТОТ: „ChatGPT“ му дал насоки за самоубиство на тинејџер

Шеснаесетгодишно момче извршило самоубиство откако од вештачката интелигенција „ChatGPT“ побарало совет за „најсигурниот“ начин да си го одземе животот, беше соопштено за време на судската истрага. Лука Чела Вокер, ученик во приватно
Go toTop