Мицевски: СДС и ДУИ се единствени виновници за катастрофалните состојби во судството

March 11, 2025
1 min read

На денешната седница во Собранието присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој се обрати до пратениците од СДС кои ја напуштија седницата со што потенцираше дека бараат начин да избегаат од дебата, тврдејќи дека токму тие се директни и единствени виновници за катастрофалните состојби во судството поради сите пропусти коишто ги направиле.

Пратеникот објасни дека членовите на Судскиот совет во времето на владеење на СДС и ДУИ биле избрани партиски и дека токму поради нив државата и судството се во ваква состојба.

„Овие коишто беа бирани партиски во штабовите во Мала Речица и Бихаќка се токму тие коишто ја водат седум години државата и судството и одлуките коишто се носат таму се такви какви што се токму поради овие луѓе“, рече Мицевски.

Мицевски посочи дека членовите биле бирани по диктат и наредби на претходниот премиер и дека седум години ги слушале намерите за реформи во судството а како резултат на тоа има само 2% доверба.

„Слушајќи ги седум години намерите за реформи коишто ни ги нудат СДС и ДУИ и да не заборавиме дека еден премиер претходно бараше да биде носител на реформите во судството, истиот тој којшто ќе ја реформираше економијата којшто сакаше да биде во исто време премиер и министер за финансии, истиот тој по чијшто диктат и чијшто наредби беа избрани најголем дел од членовите на Судскиот совет. Идејата беше за разрешување на целиот Судски совет и рестарт на сите, меѓутоа токму од овие коишто ја напуштија салата наидовме на неразбирање и на реторика дека ќе се врши упад во Судскиот совет, затоа оставивме определен временски период да самите сфатат дека 2% довербата е дело во најголем дел на самите нив затоа што кога губи клубот стручниот штаб е прв којшто ја напушта екипата“, објасни Мицевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лашкоска: Се реафирмира соработката со Чешка Република во областа животна средина

Следно

Се полнат амбулантите со пациенти кои имаат алергии од полен

Latest from Blog

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe
Go toTop