Сè поизвесно одржувањето нови избори во Грција: Ципрас не го прими мандатот за формирање влада

May 23, 2023
2 mins read

Грчката претседателка денеска согласно формалната уставна процедура го прими лидерот на Сириза како второпласирана партија на парламентарните избори откако претседателот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, вчера го врати мандатот. Сега се очекува таа да му го понуди мандатот за состав на влада на шефот на третопласираната партија на изборите – ПАСОК, Никос Андрулакис. Но, социјалистичката ПАСОК со освоени 11,46 отсто од гласовите или 41 место во парламентот е уште подалеку од можноста за состав на владин кабинет

Лидерот на опозициската Сириза, Алексис Ципрас, денеска не го прими мандатот од претседателката на Грција за формирање коалициска влада по парламентарните избори што се одржаа во неделата, а на кои левичарската партија на поранешниот грчки премиер заврши втора, но со големо заостанување зад владејачката Нова демократија на Кирјакос Мицотакис.

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, по излегувањето од претседателската палата/Фото: EPA-EFE/Alexander Beltes

„Ја исполнив мојата институционална должност да дојдам и да ви кажам дека нема да го примам мандатот бидејќи не произлегува можност за формирање влада“,

истакна лидерот на Сириза на средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчката претседателка денеска согласно формалната уставна процедура го прими лидерот на Сириза како второпласирана партија на парламентарните избори откако претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, вчера го врати мандатот.

Сириза освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник за формирање влада.

Ципрас објасни дека нема причина да го прими мандатот, додека претседателката на Грција изрази надеж дека од следните избори ќе произлезе влада.

„Се надевам дека следните избори ќе ни дадат влада, но дотогаш треба да ги следиме процедурите“,

рече Сакеларопулу.

Таа, како што пишува Катимерини, сега се очекува да му го понуди мандатот за состав на влада на шефот на третопласираната партија на изборите – ПАСОК, Никос Андрулакис. Но, социјалстичката ПАСОК со освоени 11,46 отсто од гласовите или 41 место во парламентот е уште подалеку од можноста за состав на владин кабинет.

Ципрас по излегувањето од претседателската плата во изјава за медиумите рече дека презема одговорност за изборниот резултат и им се извини на гласачите и поддржувачите.

„Немам причина да кријам дека неочекуваниот изборен резултат дојде како болен шок… Лично во целост ја преземам одговорноста за овој резултат, но во мојот морален речник ‘преземам одговорност’ значи стојам исправен и се борам. И токму ова ќе го сторам. Секако, ја преземам одговорноста и да им се извинам на луѓето кои ги повредивме, стотиците илјади пријатели, борци и гласачи на Сириза и да им дадеме ветување дека заедно ќе се бориме во новата битка, со цел да немаме семоќна, неконтролирана, хегемонична и арогантна влада. Ова е лошо за демократијата и за земјата“,

изјави лидерот на левичарската Сириза.

Откако ќе заврши циклусот со доделување на мандатот на првите три партии, предвидено е претседателката на Грција или да свика лидерска средба или да разговара со претседателите на сите партии за последен обид за формирање влада и доколку тоа е без резултат, следниот чекор е формирање службена влада со една единствена цел да ја одведе земјата на нови избори.

Според развојот на настаните веќе е извесно дека Грците ќе гласаат на втори парламентарни избори кои Мицотакис предлага да бидат на 25 јуни. Тој не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска односно да не бара коалициски партнер.

Со новите избори, Мицотакис тоа би можел да го постигне бидејќи на нив ќе се спроведе изборниот закон изгласан во 2020 година и ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија.

Бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници како претходно, туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Туркије отсекогаш била безбеден дом за сите кои низ историјата биле во неволја

Следно

УЕФА одреди полски судија за финалето во Лигата на шампиони

Latest from Blog

Невреме во Грција: Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија

Патишта кои водат од Неа Пропонтис до Халкидики, Грција, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ. Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија

Светски ден за безбедност при работа

Денеска е Светскиот ден за безбедност при работа, кој е прогласен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 1996 година. Овој ден се одбележува во 120 земји во светот како Меѓународен ден

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите

Во израелските напади во Газа убиени најмалку 26 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 26 Палестинци се убиени денес во непрекинатите израелски воздушни напади врз домови низ Појасот Газа, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Израелските воени авиони рано утрово извршија напад
Go toTop