Се отвора изложбата „Пејзаж на вознемиреност“ во Музејот на современата уметност – Скопје

March 9, 2023
1 min read

Изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“ се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици и ќе се отвори на 9 март, во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје.

Пејзажот на вознемиреност се однесува на промените во животната средина, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани траектории на експлоатација на основните ресурси, како водата и воздухот, глобален раст и несакани миграции.

Учесници на изложбата се: Тихомир Топузовски, Ивана Васева, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) – Денис Сарагиновски и Слободанка Стевческа, Ивана Мирчевска, Дарко Алексовски, Никола Узуновски, Зорица Зафировска, Кирил Арсовски, Биљана Гаревска и  Дарко Базерко.

Во рамки на изложбата ќе следува и јавна програма која ја отвора Адам Ночек, професор по Филозофија на науката и технологијата од Државниот универзитет Аризона во САД на 12 март (недела) во 12 часот.

 Делата од оваа изложба се резултат на соработка помеѓу уметници, експерти, активисти, формални и неформални здруженија, институции, овозможувајќи видливост, предлагајќи или  поттикнувајќи решенија, или претставуваат форми на активизам  кои ја инволвираат јавноста околу постоечките проблеми и предизвици“, велат кураторите Топузовски и Васева. 

Изложбата е дел од истоимениот проект кој подразбираше шестмесечно истражување и се одвиваше на неколку локации низ земјава како Велес, Битола, Преспа и Скопје во соработка со членови на еколошко друштво од Велес „Вила Зора“, иницијативата „Битола на Точак“, јавната институција Национален парк Галичица и Природонаучниот музеј на Р.Македонија. Во рамки на истражувањето  се дискутираше за можни соработки, користење на уметнички пристапи и методлогии преку кои ќе се влијае до соодветните институции за решавање на низа ургентни проблеми. Соработници на изложбата се: еколошко друштво „Вила Зора“, Велес, Институт за комуникациски студии Скопје, Природонаучниот музеј на Р.Македонија.  Проектот е целосно финансиран од ФООМ (Фондацијата Отворено општество – Македонија).

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби го компромитира цел процес со надзорот на Коридорите 8 и 10д, сомнежите за местење на тендерот остануваат, ЈО да отвори случај

Следно

(ВИДЕО) Ако до 31 мај не го приспособи законодавството со европското, Македонија губи пристап до значаен фонд на ЕУ

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и
Go toTop