Се отстранува дивиот бутик на улица Македонија

January 17, 2023
1 min read

Сопственикот на дивиот бутик „Шејн“ на улица Македонија, кој работи на јавна површина во центарот на Скопје, од утрово сам го отстранува објектот, објави Фактор.

Станува збор за застаклен надворешен дел, што вообичаено им служи на угостителите да ги сместат пушачите, но од пред четири месеци работи како продавница за облека.

Претходно објектот беше предмет на надзор кај инспекторите од Општина Центар. Според информациите од Општина Центар, сопственикот сам го размонтирува откако претходно беше издадено решение за отстранување.

Градежен инспектор од Општината во ноември лани издаде решение со кое му нареди на инвеститорот стакларникот кој е доградба, да биде отстранет и локалот да се врати во првобитна состојба.

Сопственикот побарал рок сам да го урне кој му беше овозможен од општинските власти. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На Дубаи одлично му дојдоа западните санкции против Русија

Следно

Советникот на Зеленски поднесе оставка – неговата последна изјава за Днепар ја разлути украинската јавност

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop