Се огласи славниот холивудски актер, кој 23 години не знаел дека сопругата му е братучетка (ВИДЕО)

August 23, 2025
1 min read

Нивната приказна започнала во далечната 1987 година на снимањето на филмот „Lemon Sky“, а следната година застанале пред олтарот – во тоа време немале поим дека покрај љубовта ги поврзува и необична семејна нишка.

Неочекувано откритие

Дури во 2011 година, додека учествувале во шоуто „In Search of Roots“, двојката дознала дека всушност се далечни роднини. Се испоставило дека се во роднинска врска до деветти степен – што во пракса значи дека Кира е далечна братучетка на Бејкон. Иако откритието било шок за многумина, Сеџвик признава дека не била изненадена:

„Видете. Знаев! Знаев! Знаев! Знаев! Знаев. Знаев дека ќе бидам во роднинска врска со Кевин Бејкон, мислам, повеќето белци се некако во роднинска врска. Не сум изненадена, искрено. Претпоставував дека затоа нè тестирале двајцата, морав да се преправам дека сум изненадена.“

Откритието не го потресе нивниот брак – Кира додаде во тоа време: „Сè е во ред сè додека не сме најблиски роднини“.

Љубов што трае со децении

Холивудските актери Кевин и Кира редовно споделуваат делови од нивниот секојдневен живот на социјалните мрежи, покажувајќи колку е силен нивниот брак. Актерот неодамна се огласи на Инстаграм за да сподели нежна порака до својата сопруга.

Овој пат, тоа беше 60-тиот роденден на Кира. Наместо класичен подарок, Бејкон ја изненади – ѝ купи две крави и објави видео од моментот на Инстаграм.

Обожавателите беа воодушевени од гестот

Коментарите на социјалните мрежи брзо следеа:

„Наградата за најдобар сопруг му припаѓа на Кевин Бејкон“

„Каква слатка двојка сте“

„Среќен роденден Кира, го имаш најдобриот сопруг“

„Боже, твоето семејство и животните носат толку многу среќа“

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се појави снимка од најсмртоносниот остров- забрането е приоѓање, ретко кој од таму се вратил жив (ВИДЕО)

Следно

Фантастично: Ова е спектакуларниот гол на Ди Марија за победа на Росарио! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на
Go toTop