Се оддава почит на настраданите во подморницата „Титан“: Нашите срца се со семејствата на загинатите, соопшти Белата куќа   

June 23, 2023
2 mins read

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува Би-би-си. Информацијата веднаш била споделени со американската крајбрежна стража, која ја искористила за да го намали опсегот на нејзината потрага, изјавил официјален претставник за Си-би-ес њуз. Сепак, како што наведува Би-би-си, не е јасно зошто оваа информација не беше објавена порано

Пријатели, родини и колеги одадоа сочувство до семејствата на петчлениот екипаж на подморницата „Титан“, кои по неколкудневна потрага вчера беа прогласени за мртви. Тие ги загубиле животите во како што се верува „катастрофална имплозија“, што се случила на патувањето на подморницата до остатоците на бродот “Титаник“ во северниот Атлантик. 

Подморницата „Титан“ на американската компанија „Оушнгејт“/Фото: Оушнгејт

Жртви на трагедијата се педесет и осумгодишниот британски милијардер и авантурист Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд (48) и неговиот деветнаесетгодишен син Сулејман Давуд, францускиот нуркач Пол-Анри Нарголе и коосоновачот и извршен директор на компанијата „Оушнгејт“, која ја организираше експедицијата, Стоктон Раш.  

Вчера по неколкудневни воздушни подводни пребарувања роботизирано нуркачко возило распоредено од канадски брод откри остатоци од подморницата  на дното на океанот на оддалеченост од 488 метри од остатоците на „Титаник“.  

Белата куќа издаде соопштение со сочувство до семејствата на петмината загинати.  

 „Нашите срца се со семејствата и најблиските на оние кои ги загубија животите на ‘Титан’. Тие поминаа низ ужасно искушение во изминатите неколку дена, а ние ги чуваме во нашите мисли и молитви“,

се наведува во соопштението.  

 Од Белата куќа, исто така, упатија благодарност до сите вклучени во големата мултинационална потрага по подморницата.  

Пораки со сочувству упати и шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли, кој по информацијата дека екипажот на „Титан“ е мртов, рече дека станува збор за трагична вест. 

Семејството на бизнисменот роден во Пакистан, Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син, Сулеман, ја објавија нивната смрт со „длабока тага“ и рекоа дека се „навистина благодарни“ на сите вклучени во спасувачките напори.  

„Нивните неуморни напори беа извор на сила за нас…Огромната љубов и поддршка што ја добиваме продолѓува да ни помага да ја издржиме оваа незмислива загуба“,

се вели во изјавата на Хусеин и Кулсум Давуд, родителите на Шахзада Давуд.  

Засега сè уште не е познато што ја предизвикало имплозијата на подморницата.  

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува Би-би-си. 

 Информацијата веднаш била споделени со американската крајбрежна стража, која ја искористила за да го намали опсегот на нејзината потрага, изјавил официјален претставник за Си-би-ес њуз. 

 Сепак, како што наведува Би-би-си, не е јасно зошто оваа информација не беше објавена порано. 

 Се претпоставува дека звукот на имплозија бил детектиран од таен систем за подводна слушање, односно сонар со долг дострел на морнарицата, кој потекнува од времето на Студената војна. 

 Системот за звучен надзор е создаден во 1950-тите за да слуша советски подморници во далечните длабочини на Атлантскиот Океан. 

Прецизни детали за тековните операции на сонарот се класифицирани, но веб-страницата на американската морнарица ги опишува како „откривање, локализација и следење на подморници и собирање акустични и хидрографски информации“. 

Туристичката подморница исчезна во неделата во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг ѝ се губи еден час и 45 минути по нурнувањето. 

Станува збор за подморница која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час.   

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Килијан Мбапе оди во Реал Мадрид за 250 милиони евра

Следно

Двегодишно дете во САД нашло пиштол и ја убило својата бремена мајка

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop