Се чистат поголемите православни верски храмови во Скопје

April 13, 2023
1 min read

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на денешниот ден почна активности за рачно метење и миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини, известуваат од јавното претпријатие.

Со активностите се опфатени соборниот храм „Св. Климент Охридски“, црквите „Рождество на Пресвета Богородица“, „Св. Димитрија“, „Св. Јован Крстител“, „Св. Петка“, „Св. Илија“, „Св. Архангел Михаил“, „Св. Петар и Павле“, „Св. Спас“ и други.

– Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје настојува на највисокото можно ниво да ја одржи хигиената и чистотата на дворовите и непосредната околина на овие објекти, преку засилени активности што ќе се спроведуваат во текот на претстојните неколку дена, изјави в.д.директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Раст на бројот на илегални премини во ЕУ во првиот квартал од 2023

Следно

Уапсен дилер од Скопје баран со потерница

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop