„Се чинеше дека кошмарот не може да биде полош, сепак тоа се случува“, истакна шефот за човекови права на ОН за Газа

July 22, 2025
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Шефот за човекови права на Обединетите нации (ОН), Волкер Турк, денес остро предупреди на најновите напади и копнени операции на Израел во Деир ел-Балах, Газа, велејќи дека новиот бран наредби за раселување и нападите ја влошуваат веќе катастрофалната хуманитарна криза, јавува Анадолу.

„Најновите израелски наредби за раселување, проследени со интензивни напади врз југозападен Деир ел-Балах, во Појасот Газа, додадоа уште поголема беда на страдањето на гладните Палестинци“, рече Турк во соопштението.

„Се чинеше дека кошмарот не може да биде полош. А сепак тоа се случува“, вели тој.

Турк изрази голема загриженост во врска со тековните израелски воздушни напади и копнени операции, особено во областите кои се густо населени со цивили и хуманитарни објекти.

„Овие израелски воздушни напади и копнени операции неизбежно ќе доведат до дополнителни цивилни жртви и уништување на цивилната инфраструктура“, предупреди тој.

„Со оглед на големиот број цивили во областа и средствата и методите на војување што ги користи Израел досега, ризиците од убиства и други сериозни кршења на меѓународното хуманитарно право се исклучително високи“, додава тој.

Тој истакна дека во областа којашто е под напад, се наоѓаат неколку хуманитарни организации, вклучувајќи медицински клиники, засолништа, складишта и јавни кујни. Домовите веќе се уништени, а илјадници други лица се принудени повторно да избегаат, барајќи засолниште во деловите од Газа коишто се пренаселени, каде што пристапот до помош е сериозно ограничен.

„Дури и овие области не се безбедни“, рече Турк.

„Го потсетувам Израел дека трајното раселување на луѓето што живеат под негова окупација би претставувало незаконско преместување, што е воено злосторство, а во одредени околности може да претставува и злосторство против човештвото.“

Во рамките на меѓународното право, Израел, како окупаторска сила, е должен да обезбеди основните залихи – вклучувајќи храна и медицинска помош – да стигнат до цивилите.

Турк нагласи дека хуманитарниот пристап мора да биде „итен и безусловен“.

„Наместо да се започнуваат нови воени напади, мора веднаш да се стави крај на убиствата, уништувањето и кршењата на меѓународното право од широки размери“, рече тој и додаде: „Сè повеќе земји се приклучуваат на повиците да нè извлечат од овој кошмар“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Како ќе изгледаат 5-те синдикални кошнички?

Следно

Бошковска: Убаво е што сум повторно дел од екипата

Latest from Blog

Атина наградена за најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа

За најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа беше наградена Атина на Светските туристички награди (World travel awards 2025), а атинскиот градоначалник Харис Дукас посочи дека тоа е

Српската пејачка Цеца исвиркана од публиката во Велес откако на концерт го подигна бугарското знаме

 Потегот кој многумина го оценија како скандалозен наиде на бура од реакции од присутните кои со свирежи и довикувања ја испратија од бината во спортскиот центар „Гемиџии“ Откако нејзините колеги на сцената

Голем комеморативен собир во Нови Сад по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица

 Една година по несреќата кога се урна бетонската надстрешница од Железничката станица, Србија се поклонува пред жртвите од трагедијата, меѓу кои беше и 45-годишниот македонски научник Васко Саздовски кој тргнал за дома

Челзи има нов спортски директор

Дејв Фалоус е нов спортски директор на тимот на Челзи. Овој клуб има уникатен начин на функционирање во кој овој оддел од клубот, го водат не еден, не двајца, туку петмина директори.
Go toTop