Како ќе изгледаат 5-те синдикални кошнички?

July 22, 2025
1 min read

Народот осиромашува, трошоците растат и затоа се потребни мерки, а не игри со бројот на кошнички. Вака опозициската СДСМ критикуваше за новиот предлог на премиерот Христијан Мицкоски за 5 категории на потрошувачки кошнички. Според последните податоци на едно четиричлено семејство во јули им се потребни над 65 илјади денари од кои 24 илјади денари само за храна.

-За само три месеци, синдикалната кошничка е поскапа за 2.637 денари. Годишната инфлација достигна 4,5%. Ова не се бројки на четврта економија, туку алармантни податоци за економија во колапс. И во вакви услови додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки Мицкоски прави весела математика со пет типови синдикални кошнички, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

Мицкоски вчера најави дека ќе има пет потрошувачки кошници, една за самец, за млад брачен пар, за тричлено, за четиричлено семејство и за пензионери, бидејќи како што образложи, нивните потреби биле различни. Тој денеска не сакаше да образложи како ќе изгледаат мерките, односно како ќе функционира таа поделба на граѓаните на 5 категории.

-Многу скоро ќе излеземе со мерки кои што ќе значат заштита на интересите на граѓаните. Многу скоро, кога ќе бидат готови ќе излеземе пред јавноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија вчера реагираа дека синдикалната минимална кошничка само од јуни до јули пораснала за нешто повеќе од 630 денари. Оттаму додаваат дека поради растот на цените потребно е зголемување на минималната и на сите останати плати.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЅВЕЗДЕНА КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

Следно

„Се чинеше дека кошмарот не може да биде полош, сепак тоа се случува“, истакна шефот за човекови права на ОН за Газа

Latest from Blog

Ѕвзеда на Никс со забелешка за новинар: Арсенал загуби во финале, зошто го носиш тоа ѓубре?

Фото: Њујорк Х Одличниот бек на Њујорк Никс, Џош Харт, изненади со својата реакција на новинар кој носеше ознаки на англискиот фудбалски клуб Арсенал. „Знаете дека Арсенал го загуби финалето на Лигата

HUAWEI или Брисел? Еве кого одбраа Германија и Шпанија, ЕУ единството на испит

Германија и Шпанија се главните противници на плановите на Европската комисија да им забрани на кинеските добавувачи на технологија како што се „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ пристап до европските телекомуникациски мрежи преку нови

„Македонијатурист“ ќе управува со хотел „Русија“, се подготвува ново поглавје за објектот на Самсоненко

Хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“ го презема управувањето со хотелот „Русија“, лоциран во непосредна близина на спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Според достапните информации, компанијата веќе регистрирала подружница на адресата на
Go toTop