Се чека до три часа за државјанство, проблем е и закажувањето термин за лични документи

August 29, 2023
1 min read

реклама



Овие долги редици се во холот на шалтерот за издавање на уверение за државјанство со новото име на државата. Во оваа гужва претежно има студенти на кои им треба државјанство за да се запишат на факултет. Граѓаните не сакаа да зборуваат пред камера, но сепак изјавија дека за државјанство чекале и до три часа.

„Многу лошо, влегуваат и без ред, ништо не беше во ред, чекавме два часа на нозе, многу лошо. Ми треба државјанство за да се запишам на факултет и ми беше неопходно.“

реклама

„Чекаме три часа, многу сме уморни, тука сме од 10:30 и едвај завршивме сега.“

Друг проблем е закажувањето термин за лични документи. Тоа е затоа што сите граѓани мора да ги сменат личните документи до 13 февруари 2024 година, поради промената на името на државата. По овој датум, сегашните документи, со името Република Македонија – нема да важат, без разлика дали сè уште имаат рок. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека нема да има казни за граѓаните дури и да не успеат навреме да ги сменат документите.

реклама

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

„Говорот на Шарл Мишел е сериозен пресврт“ – Маричиќ: Тоа е сигнал кој мораме да го искористиме

Следно

Проблеми за Јунајтед, Варан се повреди

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop