СДСМ: Зголемување на платите на наставниците од само 5% наместо планираните 12% е срамно!

October 12, 2024
1 min read

Најавата на владата на Мицкоски за минимално зголемување на платите на наставниците од само 5% наместо планираните 12% е срамно и претставува обид за амортизација на незадоволството коешто постои, велат од опозициската партија СДСМ.

„Владата на Христијан Мицкоски ги потценува наставниците и нивниот труд. На наставниците и просветните работници не им требаат утешителни награди туку реален раст на платите.

Наставниците заслужуваат поголема почит и поддршка за нивниот труд и напор во воспитувањето на идните генерации, а не минимални, козметички зголемувања на плати кои не одговараат на реалните потреби.

Во предизборната кампања, Мицкоски и неговите соработници ветуваа значајно подобрување на животниот стандард на наставниците, но сега, кога се на власт,  ги заборавија своите ветувања и се фрлија на манипулација.

Манипулацијата очигледно е со цел да се спречи најавуваниот штрајк во образованието а не да им се излезе во пресрет на наставниците.

Се потврди дека изговорите дека нема пари во буџетот, како што велеше Мицкоски, се само алиби за да не им бидат покачени платите.

Пари има во буџетот а наставниците и просветните работници заслужуваат реално и вистинско зголемување на платите кое треба да биде 12%. Затоа бараме платите на наставниците да се зголемат за 12% како што им следува.

СДСМ платите на наставниците и просветните работници ги зголеми за 55%.

Владата на Мицкоски мора да престане со лагите и манипулациите, и да преземе конкретни чекори за да обезбеди достоинствена плата и услови за работа на наставниците, како што беше ветено“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

КИНОПРЕМИЕРА НА „УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА“ ОД ДИМИТАР ОРОВЧАНЕЦ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

Следно

Мицкоски: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија за реформи во јавната администрација, која вели дека ќе има бришење на „балансерот“

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop