СДСМ се разработе и руши рекорди: Инстант-реакција по говорот на премиерот Мицкоски за реформите во јавната администрација

November 27, 2024
3 mins read

СДСМ се разработе во опозиција, нешто кое доколку барем минимално и одвреме-навреме го практикуваше додека беше седум години на власт, можеби и ќе превенираше ваков мега-дебакл на последните избори, велат по социјалните мрежи граѓаните. Соочени со уникатниот феномен на пад на рејтинг додека се во опозиција и уште поболниот за нив константен раст на рејтингот на власта, чин кој е вистински преседан на светската политичка сцена, партијата од Бихаќка која галопира кон пасокизација очебијно удри на пропаганда, соопштенија и медиумски памфлети. Веројатно, затоа што за да одите на терен треба да се работи, а вака со пиши-бриши, фаќај сеир, извртувај, манипулирај, релативизирај и дезинформирај е многу полесно, велат познавачите на состојбите за Курир.

Граѓаните се сеќаваат на аферите „Фабрика“ за добро платени новинари уште во времето на Црвенковски, фабриките за лажни вести на Чаушот со Заев и армијата нивни поданици кои и ден-денеска својата  егзистенција ја темелат на голо плукање по ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, не ги чуди ни фактот што најдени во тесно и во состојба на „слободен пад“, безидејната партија која не знае да направи ништо корисно и чиј единствен проект за седум години е подземниот тунел под КПД Идризово ископан од затворениците, повторно се сврте кон единственото кое го знае, плукање на сработеното и резултатите на спротивниот табор.

Во овој контекст, така и денеска, СДСм сруши сопствен рекорд со ултра брза реакција и за неполн час пушти готово соопштение за говорот на претседателот на владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посветено на реформите во јавната администрација, рак рана на македонското општество, чин со кој кога  е во опозиција СДСМ секогаш „прави кариера“ и поентира, а кога е на власт ја користи како алатка за награда на партиски кадри и Биро за вработување сопствени поданици и истомисленици. На ангро…

Неполн час по обраќањето на Мицкоски, кој од таму директно замина во охридски Костал на старт на нова инвестиција од 40-45 милиони евра и нови 250 вработувања, социјалдемократите итно реагираа.

При обраќањето премиерот потенцираше дека во изминатиот период администрацијата се соочувала со бавни просеси, недостаток на дигитализација, а понекогаш и недоволна транспарентност и отчетност, но и партизација која е отворен проблем исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор.

-„Овие проблеми не може да ги игнорираме. Тие се реални, а за нив треба да се најде решение. Нашите цели за реформа опфаќаат:

1. Дигитализација на услугите: Обезбедување што е можно повеќе услуги да бидат достапни онлајн, на еден клик од граѓаните. Со тоа ќе го намалиме времето за чекање и ќе го задоволиме она коешто го очекуваат корисниците од нас.

2. Ефикасност и професионалност: Ќе се залагаме за деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста.

3. Транспарентност и отчетност: Зајакнување на механизмите за надзор и отчетност. Секој граѓанин има право да знае како и каде се трошат јавните пари.

4. Намалување на бирократијата: Администрацијата треба да биде партнер, а не пречка за граѓаните и бизнисите. Работиме за поедноставување на процедурите и намалување на непотребните документи.

5. Вреднување на трудот: Потребен е систем за наградување на оние што работат вредно и чесно, за да ги мотивираме сите вработени во администрацијата да се стремат кон извонредност“, подвлекува Мицкоски.

Според него, јавната администрација е срцето на секоја држава.

Очигледно, силно погодени од кажаното, во апртијата која до вчера ги полнеше јавната и државната администарција со свој кадар, за неполн час склепаа и соопштија:

„Мицкоски треба да престане со манипулациите и партизирањето. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.

Граѓаните заслужуваат ефикасна, професионална и независна администрација“, соопштија во експресното соопштение на СДСМ, развлечено со дузина атаци и релативизации распослано на цела страница.

Вака брзо се реагира кога нешто кажано многу те боли и засега, толкуваат познавачите за Курир, алудирајќи на фактот што истата таа сега опозициска партија кога беше на власт направи витински хаос во државата и на заминување остави без плата илјадници вработени во Водостопанство, Македонски шуми и во Македонски пошти, а други илјадници со државни компании заглавени до гуша во долгови.

Главниот проблем е што веќе никој ништо не им верува, потенцираат познавачите, кои потестуваат на општопознатото „Ако еднаш ме излажеш, срам да ти е. Ако ме излажеш двапати, срам да ми е. А стопати?“ и им посочуваат на итната потреба – не да пишуваат експресни, празни и неаргументирани соопштенија, туку „под итно“ да се самореформираат со нов пристап со кој би биле конструктивна опозиција, а не кооперациски и маалски сеирџии, релативизатори и манипулатори.

Им препорачуваат при социјадемократската „катарза“ да ја применат најстарата животна лекција присутна при растењето на едно дете: „Татооо, како да се симнам од дрвово? -Лесно, исто како како што си се качил…“

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еминентниот детски хирург Сименов поставен за национален координатор за здравство

Следно

Таравари: колабирав ненадејно, но сега сум добар

Latest from Blog

Дурмиши: Јас сакам минималната плата да биде и 600 евра

Синдикатите и натаму бараат зголемување на минималната плата на 450 евра, за подобрување на животниот стандард. Министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека предвидени средства за зголемување на минималната плата има околу

За градоначалникот на Бутел Костовски нема одмор: Љуботен и Љубанци се приклучуваат на водоводната мрежа на град Скопје

Историскиот проект за снабдување со вода за пиење во Љуботен и Љубанци напредува со одлична динамика, што бележи важен чекор за подобрување на животот на жителите од овие населени места. Градоначалникот на

Сочувство од БПЦ за смртта на владиката Тимотеј, преполно со политизирање и понижување: Скандалозно писмо од Бугарскиот архиепископ

Во писмото со сочувство за починатиот владика г. Тимотеј, покрај зборовите на уважување, се наведува: „Во овие тешки моменти за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство

Трајков учествуваше на иницијативата „Дрво на пријателството“

Денеска заменик министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ доц. д- р Викторија Трајков присуствуваше на регионалната иницијатива „Дрво на пријателството“, организирана од Европскиот фонд за Балканот (ЕФБ) кое
Go toTop