СДСМ притиска: Попов без возачка и пијан направил тешка сообраќајка, а наместо затвор платил 500 евра

February 8, 2025
1 min read

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на УМС, Сергеј Попов, призна призна дека во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и направил тешка сообраќајка, објави СДСМ и запраша зошто тогаш Попов добил толку блага казна?

„Имено според законот, за тоа дело Сергеј Попов требало да биде осуден на затворска казна, но тој поминал со 500 евра казна како да сторил обичен прекршок во сообраќајот. Дали Попов, кој тогаш со неговата партија ВМРО-ДПМНЕ влијаеле врз процесот? Сите добро знаеме во 2014 година дека судството беше под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и тефтерчињата на Гордана Јанкуловска и одговорот на ова прашање го знаеме сите. Попов е дел од системот кој убива, дел од она против што тој повикуваше на протести“ рече Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ на прес-конференција.

Таа додаде дека случајот на Попов не е ништо поразличен од оној на Фросина, среќата е што тогаш никој не загинал.

„Прашуваме, дали инсталациите на ДПМНЕ односно ‘системот што убива’ го заштитил Попов во тоа време? Бараме да се ревидира случајот на Попов во најкус рок. Бараме на увид на јавноста да се изнесе целиот процес и фактите за дивењето на Попов во пијана состојба. Го повикуваме Сергеј Попов да излезе пред младите и пред јавноста и да си даде оставка од позицијата пратеник и претседател на вмровската младина како минимум морален чин“ рече Кузмановска.

Таа додаде дека не може младите да протестираат по улиците за правда и против нефункционалниот систем и безбедност на улиците, а Попов да седи во удобната фотелја.

„ДПМНЕ и Попов се дел од трулиот систем и неправдите против кои се борат младите. Затоа ниту ДПМНЕ ниту Сергеј Попов немаат никаков образ да зборуваат за правда, ниту пак да ги повикуваат младите. Доста беше лицемерие! Младите во Македонија заслужуваат одговорни, чесни претставници – а не луѓе со кривични досиеја кои ги спасувале врските“ рече Кузмановска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос

Следно

Вчера делумен бојкот – граѓаните бојкотираа, но прометот поголем од пред една недела

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop