Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос

February 8, 2025
1 min read

Релативно мирна ноќ, во споредба со изминатите денови, поминаа жителите на Санторини и околните острови со оглед на тоа што не беа регистрирани силни земјотреси, меѓутоа претпладнево за помалку од еден час имаше серија земјотреси со јачина од над четири степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во периодот од 10.36 часот до 11.24 по локално време беа регистрирани седум потреси меѓу 4,1 и 4,9 степени.

Во текот на денешниот ден состанок ќе одржат надлежните комисии во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција за да ги разгледаат актуелните мерки, а главниот дел се однесува на училиштата на Санторини и соседните острови Иос, Аморгос и Анафи кои минатата седмица беа затворени и ќе треба да се донесе одлука дали ќе се продолжи мерката или од понеделник ќе се отворат.

Поради зголемената сеизмичка активност од четвртокот на Санторини е прогласена вонредна состојба до 3 март годинава, а од општина објаснија дека станува збор за „чисто административна одлука со цел забрзување на потребните процедури за преземање итни и ефективни мерки“.

На островот вчера беше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој порача дека „целиот државен механизам е мобилизиран“ и уште еднаш им препорача на граѓаните да бидат смирени, а се осврна и на туризмот со оглед на тоа што Санторини е популарна туристичка дестинација, посочи дека „имаат должност да ја заштитат, да ја зачуваат репутација и да бидат сигурни дека 2025 година исто така ќе биде одлична година за туризмот на Санторини“.

– Затоа, во нашата јавна комуникација, треба да балансираме меѓу потребата да бидеме присутни и да дејствуваме превентивно, без, сепак, истовремено да репродуцираме катастрофални сценарија, кои потенцијално може да исплашат некои посетители. Драго ми е што велите дека засега не постои никаква таква индикација и ќе се бориме да продолжиме по оваа линија, со добра надеж дека појавата ќе стивне и многу брзо ќе можеме да се вратиме во нашата нормалност, рече Мицотакис.

Интензивните земјотреси на Санторини започнаа во неделата, додека според процените во Грција, во изминатите денови островот го напуштиле над 10.000 лица, а пред сè станува збор за работници кои на Санторини се во пресрет на новата туристичка сезона, но и локално население.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парламентарни избори во Косово: Почна гласањето на дијаспората

Следно

СДСМ притиска: Попов без возачка и пијан направил тешка сообраќајка, а наместо затвор платил 500 евра

Latest from Blog

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос

Јувентус и официјално има нов голман

Досегашниот голман на тимот на Тотенхем, Гиљермо Викарио и официјално е претставен како нов чувар на мрежата на тимот на Јувентус. Во објавата од Торино се вели дека Викарио на крајот од

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна… За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“. Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна…

Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници

Проданоски: Сите ресурси се активирани за пожарот кај Чаниште

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан
Go toTop