СДСМ: Одговорноста за високите сметки за струја е кај Владата на Мицкоски

March 14, 2025
1 min read

Според СДСМ, оваа Влада е виновна за високите сметки за струјата. Според СДСМ, струјата е поскапена 30%, и за тоа е виновна власта, а не поради лошото читање на броилата.

„Мицкоски не може да избега од оговорноста за високите сметки за струја кои се покачени и до 30%.

Високите сметки за струјата не се поради лошото читање на броилата туку поради лошото менаџирање од страна на владата.

Тоа е клучниот проблем, неспособноста на власта која купува скапа струја на пазарот затоа што нема доволно домашно  производство, а тоа го плаќаат граѓаните.

Минатата година околу 240 000 мегават часови помалку нашиот домашен систем а се направил увоз од 36 милиони евра на грбот на народот.

Затоа граѓаните плаќаат 30% поголеми сметки за струја. 

Во време на светска енергетска криза, кога мегават час изнесуваше и до 550 евра граѓаните плаќаа помали сметки за струја, за разлика од денеска кога плаќаат повисоки сметки а мега ват час изнесува 120 евра. 

СДСМ поднесе закон за намалување на сметките на струја на граѓаните но Мицкоски и тоа го одби.

Понатаму, во управниот одбор на ЕВН владин претставник е член на ДПМНЕ, Игор Гиевски. 

Во ЕВН ХОМЕ каде што се пресметуваат сметките е син на поранешен градоначалник на ДПМНЕ, Митревски. 

Сè е во рацете на ДПМНЕ, а Мицкоски не може да избега од одговорноста. 

Ова е нивен неуспех, нивна вина и нивна директна штета врз стандардот на граѓаните!“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лицемерие на владата: Ќе прифатиме решение на бизнисот и синдикатите за минималецот, но во буџетот нема пари за оваа намена

Следно

„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби, разрешените членови мора да заминат“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop