СДСМ не отстапува од ставот за изборите, прво претседателски, па парламентарни во законскиот рок

November 12, 2023
1 min read

реклама


Владејачката СДСМ не планира да го смени својот став за изборите. Како што велат од таму, нивниот став е принципиелен и познат, а тоа е дека на пролет прово ќе се случат претседателски, а потоа парламентарни избори и сето тоа во законскиот рок.

За потсетување, претседателот на Собранието, им даде рок на политичките партии до Нова година да го договорат датумот за избори. Како што изјави Џафери, негова уставна и законска обврска е да ги почитува роковите.

реклама

На прашањето како ја коментира најавата на првиот човек на Собранието, Талат Џафери дека ќе ги распише изборите, доколку не се договорат партиите, Каевски со одговор.

Од ВМРО-ДПМНЕ се на ставот дека нема никаква логика да се трошат пари за изборите да се одржат одвоени кои ќе ја чинат држава дупло повеќе отколку тие да се одржат во еден термин. Сепак, ќе бидат дел од работните групи.

реклама

Здружената албанска опозиција, пак, односно Европскиот сојуз за промени составен од Демократско движење, БЕСА и Алтернатива, побараа оставки и брзи двојни избори. Нивното барање, како што велат, се темели на лошиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија.

Од Европски сојуз за промени велат дека доколку нивните барања не се земаат предвид, ќе ја преиспитаат нивната поддршка за уставните измени во овој мандат на Собранието. Не се исклучува ниту целосното замрзнување на поддршката додека не се промени власта.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сорос млади среќен што Ковачевски е насмеан: Има најтешка работа од сите премиери во Европа

Следно

Законски неусогласености, небезбедни градби – законот предвидува да има две мислења од ИЗИС

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop