СДСМ: Имаме редовни средби со ДУИ

November 17, 2023
1 min read

реклама


Од СДСМ за ТВ21 велат дека меѓу партијата и нивниот коалициски партнер ДУИ има редовни средби.

„Помеѓу СДСМ и ДУИ има редовни средби, тоа е во сферата на меѓукоалициските разговори на партнерите. Сите опции се отворени но, се уште е рано за детали, а разговорите ќе продолжат и во иднина“, велат од СДСМ.

реклама

Како што веќе објави ТВ21, во текот на вчерашниот ден имало состанок меѓу претставници на СДСМ и ДУИ, на кои било разговарано како да се настапи на парламентарните и претседателските избори кои ќе се одржат следната година.

Неофицијално, како што дознава ТВ21 од партиски извори, се дискутирало за т.н Европски фронт, кој би се состоел од сегашните владини партнери, СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците кои би настапиле заедно на парламентарните избори со заеднички листи.

реклама

Според извори на ТВ21, проценките на СДСМ биле доколку се прифати ваквиот прелог, Европскиот фронт може да дојде до победничка ситуација, односно би можела да освои од 55 до 65 пратеници.

Наводно една група од СДСМ има три предлози до ДУИ.  Првиот предлог е ДУИ да се откаже од технички премиер и техничка Влада, односно да нема премиер Албанец во последни 100 дена Влада. Вториот предлог е да се направат заеднички листи за наредни парламентарни избори и третиот предлог е да се поддржи еден заеднички кандидат уште од првиот круг за претседателски избори.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен: Израел итно да го запре насилството на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег

Следно

Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop