СДСМ денеска ги официјализира носителите на листи

March 23, 2024
1 min read

СДСМ денеска на седници на централниот и на извршниот комитет, а потоа и на конгрес на партијата најави дека ќе ги официјализира носителите на кандидатските листи за парламентарните избори. Пред делегатите ќе биде презентирана и програмата за претстојните избори. 

На почетокот на 28. конгрес на СДСМ на отворениот дел ќе се обрати лидерот димитар ковачевски, по што следува работниот дел. 

ТВ 24 дојде до пратеничките листи на СДСМ. Освен двоецот Ковачевски и Зајкова, во првата изборна единица, добитно место има за Даниела Николова, актуелна пратеничка. 

Во двојката по двоецот Спасовски – Битиќи е актуелната пратеничка Санела Шкријељ, актуелниот координатор на пратеничката група во Собранието. Во тројката по Лукаревска и Николовски, се лидерот на НСДП Горан Мисовски, Благој Бочварски, Љупчо Балковски од ВМРО НП. Во четвртата изборна единица, освен носителкиот тандем, Филипче и Тренчевска, е актуелниот пратеник Миле Талевски, па Соња Мираковска од НСДП. Во петката која ја носи како што објави ТВ 24 Јован Митрески и Бисера Костадиновска, третото место е за организацискиот секреатар Митко Трајчулевски. Во шестката освен Петровска и Демири, на листата се предвидени и Ема Нешковска, Андријана Томовска, Даниел Антонски. 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Уапсени неколку од терористите кои го извршија нападот во Москва

Следно

ЦУК: Во последното деноноќие 2.113 повици на 112, а имало и 10 пожари на отворено

Latest from Blog

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop