СДС да го поддржи предлог законот за продолжување на важноста на пасошите, порача ВМРО-ДПМНЕ

February 21, 2024
1 min read

– СДС да го поддржи предлогот законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите, народот не смее да биде заробен со месеци. Над милион наши сограѓани немаат пасош, и тие се заробени и им е ограничено движењето, главен виновник за тоа е СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски и Ковачевски знаеја дека ќе дојде до крах на системот и направија две клучни грешки:

1. 2 и пол години издаваа пасоши чија важност знаеја дека ќе истече пред времето на кое се издадени заради договорот што го потпишаа и така директно оштетија стотина илјади граѓани.

2. Пред формирање на техничка влада ја оставија државата без обрасци за пасоши, мислејќи дека ќе креираат тензија.

Заради СДС сега има неколку стотина илјади пасоши помалку издадени од тоа што можело да се издадат, со постоечките капацитети. Дополнително заради нив има и општ застој, затоа што имале доволно време да ги зголемат капацитетите.

За народот нема друго решение, освен предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи важноста на пасошите. Народот не смее да остаме заробен без можност слободно да се движи. Народот со право вели дека немаме држава и таа треба да се врати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Свечена изјава на новата членка на Советот на јавни обвинители Зорица Павловиќ

Следно

ЗДРАВКО РАФАИЛОВСКИ, АВТОР НА ЗГРАДАТА „МАВРОВКА“, ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop