СБ на ОН ќе гласа за американската резолуција за осуда на нападите на Хутите во Црвеното Море

January 10, 2024
1 min read

Советот за безбедност на ОН закажа гласање за денеска за резолуцијата предложена од САД со која ќе се осудат нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговски и комерцијални бродови во областа на Црвеното Море.

Во нацрт-резолуцијата се наведува дека најмалку дваесетина напади на Хутите ја нарушуваат глобалната трговија „и ги поткопуваат правата и слободите на пловидбата, како и регионалниот мир и безбедност“.

Како што пренесува Тајмс оф Израел, резолуцијата ќе бара итно ослободување на првиот брод што го нападнаа Хутите, јапонски товарен брод поврзан со израелска компанија кој беше запленет на 19 ноември заедно со неговиот екипаж.

Без да се посочи Иран, главниот снабдувач со оружје на Хутите, нацртот за кој треба да се гласа ќе ги осуди сите договори за оружје со бунтовниците, кои ги прекршуваат санкциите на Советот за безбедност.

Членовите на Советот за безбедност на ОН ги повикаа јеменските Хути да престанат со нападите врз бродовите во Црвеното Море и Аденскиот Залив и предупредија дека овие напади ја загрозуваат регионалната стабилност, глобалната слобода на навигација и снабдувањето со храна.

Хутите ги засилија нападите врз трговските бродови во Црвеното Море во знак на протест против израелската офанзива во Газа.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелски напад врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа загинаа 15 Палестинци

Следно

САД и Кина ги завршија дводневните разговори за воена соработка

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop