Савевски: Јавниот обвинител мора да интервенира ако има основ за преквалификација во случајот „Пулс“

February 24, 2026
1 min read

Еден од кандидатите за нов државен јавен обвинител Ненад Савевски, вечерва во Телевизија 24 зборуваше за предметот кој се води за трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“. 

Тој рече дека обврска на новиот јавен обвинител е да интеревенира во обвиението, ако низ доказите се покаже дека има основ за преквалификување на одредената правна квалификација

„Утврдувањето на правната квалификација, не произлегува на барање на странкитеСекогаш нешто што ќе произлезе од доказите кои се изведуваат пред Судот, доколку има основ за преквалификување на веќе одредената правна квалификација, е право или овластување, а и обврска на јавниот обвинител да интервенира во обвинението“, рече Савевски.

Исто така кажа дека ако тој ја добие довербата да биде нов државен јавен обвинител, дека ќе води смета за уедначено постапување на јавните обвинители во предметите. 

„Една од задачите на државниот јавен обвинител и јавните обвинители на највиското јавно обвинителството да водат сметка за уедначено постапување на јавните обвинители во предметите. Тоа е во соодност и гаранциите кои не обврзуваат а произлегуваат од треба да ја гарантираме правната сигурност како судот, така и Јавното обвинителство. Треба да се види зошто во едниот предмет е конкретната правна квалификација, во другиот… треба да имам непосреден увид да дадам став. Во овој случај не е приципиелно да дадам проценка. Обврска е на државниот јавен обвинител, да води сметка за уедначено постапување на јавните обвинители“, рече Савевски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛШ: Фудбалот е магија, приказната на Бодо е убавина! Интер доби нова лекција (ВИДЕО)

Следно

Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија, триесетина камиони заглавени на Ќафасан

Latest from Blog

ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и нејзините подружници „Карго“ и „Ситилајн“ започнаа масовен дводневен штрајк, кој предизвика сериозен колапс во воздушниот сообраќај. Протестот, кој започна кратко по полноќ, се очекува да трае

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

фото: Arsenal @Arsenal (X) Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј.

Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, напиша на својата Фејсбук страница дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честитал победата. „Премиерот Виктор Орбан ни ја честитал победата по телефон“, напиша Петер Маѓар.

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

ФОТО:.facebook.com/ATHLETICCLUB/ Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу
Go toTop