Санкции за 570 возачи во Скопје, 150 за брзо возење

February 8, 2025
1 min read

Санкционирани се вкупно 570 возачи при акциска контрола на територијата на СВР – Скопје во текот на вчерашниот ден, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, од нив, 150 се за возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, четворица возачи управувале возило со активна мерка – забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација.

– Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање. Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските сили неутрализираа 13 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија

Следно

Судијата ја блокира контролата на Маск врз платниот систем на Министерството за финансии на САД

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop